Повредно од злато: Маслото кое лекува веќе 5.000 години

Темјанот е вид мирисна смола која се добива од азиски и африкански дрва. Познат е по неговата лековита моќ, но освен црковните обредни палења, неговото користење е многу ретко.

povredno-od-zlato-masloto-koe-lekuva-vekje-5000-godini-kafepauza.mk

Темјанот има позитивно влијание на човечкото тело, а се користи во козметиката, ароматерапијата, религиските обреди и за лекување веќе 5.000 години. Во ајурведската медицина се користи како лек против астма, го забрзува зараснувањето на раните, го урамнотежува женскиот хормонален состав и штити од инфекции. Во Египет ги балсамирале телата со помош на темјан, па не е ни чудо што имал цена колку и златото.

Темјанот ги смирува воспаленијата во организмот

Темјанот е познат по неговите антивоспалителни својства благодарение на неговите активни состојки. Темјанот го забавува и го подобрува дишењето, а ова го прави идеален придружник за постигнување хармонија на умот и телото. Неговите антивоспалителни својства се корисни и за одржување на здравјето во усната шуплина. На Блискиот исток луѓето имаат обичај да џвакаат смола од темјан бидејќи го подобрува здравјето на забите и ја спречува појавата на инфекции. Темјанот ја подобрува циркулацијата на крвта, ги регулира симптомите на Хроновата болест и лечи разни цисти.

Антиканцерогени својства на темјанот

Некои истражувања покажале дека темјанот може да помогне во лечењето на некои видови рак. Овде спаѓаат рак на мочниот меур, тумор на мозокот и малиген меланом.

Каков темјан да одберете?

Темјанот може да се најде во разни облици, а можете да го побарате во билните аптеки и продавниците за здрава храна. Смолата најчесто се увезува од Индија. Етеричното масло од темјан се користи за многу болести на дишните патишта, астма и бронхитис. Се користи и за нега на кожата, а во комбинација со плод од дива ружа ги намалува симптомите на стрес и постпородилна депресија.

Постојат и разни масла, креми, мирисни стапчиња, како и капсули за внатрешна употреба. Етеричното масло од темјан се користи за инхалација, масажа и купки кои ги намалуваат стресот, напнатоста и депресијата.

Погледнете ги и 5-те етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар