Повеќе од моден додаток: 4 причини зошто рачниот часовник е исплатлива инвестиција

Повеќе од моден додаток: 4 причини зошто рачниот часовник е исплатлива инвестиција

Во морето на модни додатоци постои еден кој и тоа како се истакнува – рачниот часовник. Станува збор за посебен предмет на кој луѓето со години се потпирале. Има различни видови модни додатоци и секој од нас има свој фаворит. Но, рачниот часовник е еден од ретките модни додатоци во кој навистина се исплати да се вложи.

1-povee-od-moden-dodatok-4-priini-zaradi-koi-raniot-asovnik-e-isplatliva-investicija-www.kafepauza.mk_

Првиот рачен часовник го изработил Швајцарецот Патек Филипе во 1868 година за една унгарска грофица. Тогаш тој бил замислен примарно како парче украсен накит. Во почетокот мажите ги избегнувале, односно и понатаму се потпирале на џебните часовници. Тие биле поголеми, помажествени и традиционални. Сепак, на крајот не можеле да ѝ одолеат на практичноста на рачните часовници. Набрзо започнале да ги користат војниците, а во првата половина на 20 век станале светски популарни, поточно повеќето мажи и жени не излегувале од својот дом без часовник. Тој тренд продолжил сѐ до појавата на мобилните телефони.

Денес, луѓето почесто посегнуваат по својот мобилен телефон за да проверат колку е часот, но рачниот часовник и понатаму е подеднакво вреден и навистина се исплати да се вложи во него. Погледнете ги следниве причини што ќе ве убедат дека рачниот часовник е најдобрата инвестиција за вас.

2-povee-od-moden-dodatok-4-priini-zaradi-koi-raniot-asovnik-e-isplatliva-investicija-www.kafepauza.mk_

1. Долготрајност

Мобилните телефони многу почесто ќе ги менувате, додека на часовникот само ќе морате одвреме-навреме да му ја промените батеријата. Тоа е навистина предмет кој можете да го носите цел живот.

2. Универзалност

Кога избирате часовник важно е да обрнете внимание на неговиот стил. Изберете го оној часовник кој се поклопува со вашиот стил и вкус, бидејќи тогаш ќе може универзално да прилега со секоја ваша модна комбинација. Сепак, тој е и моден додаток.

3-povee-od-moden-dodatok-4-priini-zaradi-koi-raniot-asovnik-e-isplatliva-investicija-www.kafepauza.mk_

3. Практичност

Додека го носите часовникот на раката, секогаш ќе знаете колку е часот. Нема потреба да го вадите мобилниот од чантата или од џебот и со тоа го штедите вашето време. Рачниот часовник е одличен сојузник на оние кои често се наоѓаат во гужва.

4. Сентименталност

Рачниот часовник е предмет со кој личностите може емоционално да се поврзат, односно тој за нив да поседува сентиментална вредност. Исто така, часовникот често спаѓа и помеѓу семејното наследство.

Доколку планирате да инвестирате во рачниот часовник, погледнете како да го одберете вистинскиот часовник за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар