Поттикнете го развојот на вашето дете во првата година од неговиот живот

Првата година од животот на децата е најважна, кога станува збор за развојот на мозочните келии. Во текот на овој период, мозокот на децата се развива со неверојатна брзина, а во таквиот развој додатно помага и опкружувањето во кое детето се наоѓа. Поради тоа, многу е важна секојдневната интеракција со вашето дете, со цел неговата околина да биде што е можно повеќе стимулативна за развојот на неговите мозочни келии.Поттикнете го развојот на вашето дете во првата година од неговиот живот1. Вклучете го детето во домашните активности. Покажете му како изгледа просторот и околината во којашто живее. Поминете некое време шетајќи го низ вашиот дом, запознајте го со предметите, облиците, текстурите и боите во куќата.

2. Читајте му на детето сликовници. Запознајте го со звуците кои ги претставуваат различните животни, објаснете му како изгледаат. Измислете своја приказна која честопати ќе му ја повторувате, притоа поврзувајќи ја со некоја ситуација која вам ви се случила во текот на тој ден.

3. Запознајте го детето со неговите врсници, со постари деца и со други повозрасни личности. Често одете на игралишта и во парковите. Пуштете го детето да си игра со другите деца, бидејќи тоа ќе му помогне во учењето и стекнувањето социјални вештини.

4. Разговарајте со детето секогаш кога тоа е возможно. Кога си играте, му ја менувате пелената, шетате, јадете или ја правите која било друга активност, разговарајте со него за што било и избегнувајте да користите премногу гестикулации, деминутиви и „детски зборчиња“. Трудете се да користите полни реченици, едноставен и правилен речник, кој би го користеле и при разговор со возрасна личност.

5. Кога купувате играчки, одберете онакви кои ја стимулираат активноста на мозокот. Можете да изберете разни сложувалки, лего коцки, играчки кои произведуваат звуци, светлина и сѐ она што сметате дека ќе го поттикне детето на љубопитност.

6. Декорирајте ја детската соба. Нека биде собата на вашето дете весела, во шарени бои и со различни облици. Визуелната стимулација го поттикнува развојот на мозочните келии, бидејќи боите кај децата создаваат чувство на љубопитност и концентрација. На ѕидот закачете шарени слики и фотографии, а на подот ставете некој весел тепих во бои.

7. Децата имаат различен карактер, па и различен вкус од самото раѓање. Потрудете се да откриете што му се допаѓа на вашето дете, а што не, па прилагодете го опкружувањето според неговите барања.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар