Потрудете се да не ги заборавите. 10 работи кои мора да ги имате во вашата патничка торба

Дојде летото, време за одмор, за капење и трчање по плажа. Период кога не можете да дочекате да заминете од вашиот град, па макар и на викенд. Без разлика за која дестинација сте се одлучиле, возбудата расте, нетрпението се зголемува, а на крај доаѓа најмачниот дел – пакувањето. Секако, освен најважните работи: пасош, пари, костим за капење, погрижете се да не ги заборавите и овие 10 работи.

Teenage girl (16-18) kneeling on full suitcase, close-up

1. Перниче за патување

Во принцип, не мора да биде она гумено перниче на дување кое ќе го закачите околу вашиот врат. Ако одите на подолг пат, ќе посакате да се одморите без разлика дали ви се спие или не. Иако овој модел е најпрактичен за патување, ова перниче не можете да го користите за ништо друго. Затоа, доколку дома имате некоја перница која ви е најудобна, спакувајте ја и понесете ја со себе. Таа ќе ви обезбеди пријатен сон во кое било време. Перничињата со мемориска пена, обичните или пак оние за врат, се малку поскапи, но се одличен избор за оние коишто имаат големи болки во вратот.

2. Несесер

А во него – богатство. На самото патување не мора да ја носите целата шминка што ја поседувате, а би било добро и конечно да ја одморите вашата коса од третманите коишто ја оштетуваат. Но, некои работи не смеете да заборавите. Како прво, марамчиња, влажни и обични, но и сет за средување на ноктите – пинцета, турпија и ножички. Не заборавајте ги ни лабелото и кремот за раце, но и кремот за сончање. Ако одите на долго патување, спакувајте ги и пастата и четката за заби и земете мал пешкир.

3. Резервна блуза (или некое друго парче облека) и голема марама

Освен тоа што е незгодно да се помине долг пат во автомобилот на топло време, исто така може да се случат мали незгоди, како на пример истурање сок врз блузата. Не облекувајте нешто модерно, туку изберете нешто комфорно и изработено од природен материјал. Големата марама ќе ви биде од голема корист во текот на патувањето, но и за време на одморот. Со неа може да ги покриете рамената за да не изгорите на сонцето, може да ја замотате околу себе, во неа може да ја замотате и мократа коса, па дури и да ја постелете на песокот. Одберете ја вашата омилена и понесете ја со себе.

2-potrudete-se-da-ne-gi-zaboravite-10-raboti-koi-mora-da-gi-imate-vo-vashata-patnichka-torba-www.kafepauza.mk_

4. Маска за очи

Маската за очи ќе ви направи голема услуга во текот на патувањето, а што е најважно ќе ги одмори вашите очи и ќе направи да изгледаат свежо. Може да ја користите во текот на патувањето, но и во хотелот.

5. Чепчиња за уши или слушалки

Разговорот на сопатниците во автобусот може да биде напорен за слушање и досаден. Одморете се со вашиот омилен албум или пак ставете чепчиња во ушите и препуштете се во вашиот свет, макар и за кратко.

6. Забава без батерија

Играчките на батерија, како телефонот или пак таблетот, имаат голем избор на игри, но имаат рок на траење – сè додека не им се испразни батеријата. Но, зошто би се забавувале на тој начин, кога можете на стариот добар начин – со книга или крстозбор. Сепак пишаниот збор никогаш нема да излезе од мода.

3-potrudete-se-da-ne-gi-zaboravite-10-raboti-koi-mora-da-gi-imate-vo-vashata-patnichka-torba-www.kafepauza.mk_

7. Полнач за телефон (или камера)

Можеби нема да верувате, но ова е најчестата работа која луѓето ја забораваат дома. А, многу е потребна. Таа има свое посебно место, па кој ќе се сети да ја стави во торбата. Како на друг начин ќе поставувате свежи фотографии на Фејсбук?

8. Грицки и освежителни сокови

Изберете ги оние грицки или чоколада кои се калорични, но не премногу. Не носете премногу чоколадо, бидејќи тоа се топи. Не јадете тешки јадења од рестораните, а вашиот желудник ќе ви биде благодарен поради тоа. Ако сакате да понесете сендвичи, најдобро е да ги направите дома. Со вас задолжително понесете шише вода или освежителен сок.

4-potrudete-se-da-ne-gi-zaboravite-10-raboti-koi-mora-da-gi-imate-vo-vashata-patnichka-torba-www.kafepauza.mk_

9. Апчиња против повраќање

Или некои други билки. Денешниот човек „се дави“ во апчиња. Осудени сме да ги носиме насекаде со себе, но со нивна помош нашиот живот е полесен. Проверете ја својата медицинска торба и осигурете се дека ги имате сите потребни лекови. Немојте да ги заборавите фластерите!

10. Рамни сандали

Што и да носите на патувањето (изборот на обувките е секако ограничен поради местото во куферот) задолжително со себе понесете рамни и удобни сандали. Ако одите на каменити плажи, најдобро е да понесете гумени сандали. Овие сандали би требало да ви бидат сосема точни за да не ви испаднат во водата. На крај, среќен пат!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар