Потполно природни начини за лечење убод од комарец

Иако комарците можат да пренесат и некои смртоносни болести, сепак за повеќето луѓе тие се досадни инсекти чиј убод може да донесе само чешање. Сепак, со чешање само го зголемуваме проблемот, бидејќи тогаш кожата пука и местото на убодот се изложува на поголем ризик за инфекција. Чешањето предизвикува и поголема иритација, што може да води и кон болка. Постојат неколку сосема природни начини за ублажување на чешањето кое се појавува по убодот од комарец.

Потполно природни начини за лечење на убод од комарец

Ладна терапија со мраз

Оваа терапија носи моментално олеснување. Ледот ги умртвува нервните завршетоци и помага да не чувствуваме болка или чешање.

Оцет и мед

Оцетот поради својата киселост и медот благодарение на своите антиинфламаторни и антибактериски својства, исто така можат да придонесат да се намали чешањето.

Сода бикарбона

Сода бикарбоната е алкално соединение кое може да го неутрализира pH балансот на кожата. Благодарение на тоа се намалува и воспалението на површината на кожата.

Листови од босилек

Листовите на босилекот содржат камфор и тимол, две хемиски соединенија кои го ублажуваат чешањето.

Кора од банана

Хемиските соединенија и супстанции во кората на бананата исто така можат да ви помогнат. Со внатрешниот дел од кората, мачкајте го делот каде што сте убодени од комарец.

Алое вера

Иако примарно се користи како лек за изгореници, алое верата е одлична и кога станува збор за убод од комарец, бидејќи го намалува чешањето и воспалението.

Мешавина од вода и млеко

Мешавината од вода и млеко нанесена на местото на убодот, исто така го намалува отокот,чешањето и воспалението.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар