Постојаното жалење предизвикува физички промени во мозокот и доведува до депресија и анксиозност

Ниту еден човек нема совршен живот. Сите луѓе минуваат низ успеси, падови и лични борби за кои не се ни свесни. Меѓутоа, постојат такви што го задржуваат позитивниот став и се помируваат со фактот дека животот е тежок, а има и такви што постојано се жалат.

Постојано жалење предизвикува физички промени во мозокот и доведува до депресија и анксиозност

Нормално е да барате начин за ослободување од стресот кога се соочувате со некакви потешкотии, но плачковците се слепи за убавите работи во животот и се опседнуваат со проблемите и пречките на патот. Тие ја искористуваат секоја можна прилика да им се пожалат на луѓето кои се подготвени да ги ислушаат.

Но, жалењето не помага. Напротив, не само што постојаните жалби порано или подоцна ќе ги избркаат сите слушатели, туку и ќе предизвика физички промени во мозокот што доведуваат до депресија и анксиозност. За да не дојде до тоа, најдобро е да станете свесни зошто луѓето сакаат да се жалат, како тоа влијае на мозокот и како може да се променат негативните мисли.

Постојат 3 типа плачковци:

  • Оние кои се жалат за да добијат сочувство.
  • Оние кои длабоко размислуваат за нивните проблеми.
  • Оние кои сакаат да се ослободат од стресот, но не бараат вистинско решение за нивните проблеми.

Без разлика на тоа за каков тип станува збор, психологијата што се крие зад постојаното жалење влече корени од детството кога детето ќе ја научи оваа навика од некој член на семејството. Животот и растењето со човек кој постојано помислува на најлошото влијае на детската перцепција за светот на возрасните. Со други зборови, децата го учат ова негативно однесување од родителите или роднините и го сфаќаат како нешто нормално што подоцна ќе се вреже и во нивното однесување.

Какво влијание има жалењето на вашиот мозок?

Постојаното жалење го тренира мозокот да се однесува онака како што се навикнал. Невропсихологот Доналд Хеб објаснува дека жалењето како и секоја друга активност активира неврони во мозокот и ги тренира да ја запомнат шемата. На некој начин, луѓето кои постојано се жалат го учат мозокот да ги активира негативните емоции и сеќавања што пак доведува до депресија и анксиозност.

Како резултат на тоа, секој обид да се промени начинот на размислување и да се поттикне позитивниот поглед кон работите ќе биде тежок и поединецот ќе заглави во дупка со негативни емоции и ставови кон животот, бидејќи мозокот е најдобро запознаен со таквиот начин на функционирање.

Постојано жалење предизвикува физички промени во мозокот и доведува до депресија и анксиозност

Како да го научите мозокот да размислува позитивно?

За среќа, сите навики и негативни мисли може да бидат променети. Потребно е да се вложи многу труд, но станува полесно со текот на времето доколку постојано се потсетувате дека не е сѐ толку црно колку што изгледа. Целта е да го прилагодите вашиот мозок и да го натерате да создава и други видови мисли освен негативните. Но, најпрво мора да сакате да се промените за да можете навистина да се промените. А кој не би сакал да се ослободите од канџите на мрачните мисли?!

Почнете со тоа што ќе се фокусирате на следниве 5 работи…

1. Станете свесни за вашиот став. Жалењето се јавува како спонтана реакција на секоја мисла. Мора да станете свесни за вашиот став кон нештата и да разберете дека сѐ што се случува има свои позитивни и негативни страни.

2. Ослободете се од лошите работи. Некои работи не може да се променат, тие едноставно се такви какви што се. Подобро е да се ослободите од негативните нешта отколку да се држите до нив. Фокусирајте се на она што ве прави среќни. На сите нешта им доаѓа крајот, па дури и на лошите.

3. Фокусирајте се на позитивните работи. Мора да има нешто позитивно во вашиот живот. Ако не можете да го забележите, гледајте повнимателно. Фокусирајте се на вистинските доблести, како што се искреноста, љубовта и личниот развој од сите животни искуства.

4. Бидете благодарни. Запомнете дека имате многу прекрасни работи во животот, само треба да ги побарате. Бидете благодарни за тие нешта, наместо да ги презирате тешките предизвици.

5. Бидете скромни. Ароганцијата и мислењето дека сѐ ви припаѓа вам се отров за мозокот. Наместо тоа, фокусирајте се на вашите вистински вредности и не се ставајте себеси на пиедестал. Фокусирајте се на вашата среќа.

Ако сте опседнати со негативните мисли и не можете да се ослободите од нив, одете во природа и опуштете се. Природата, спортот и сите други креативни активности ви стојат на располагање за да се ослободите од негативната енергија што сте ја собрале. Нормално е да се соочите со негативност во животот, но важно е да не дозволите да заглавите во негативната дупка и да излезете од неа.

Во продолжение дознајте како да се ослободите од негативните мисли.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар