Порака до пријателите кои секогаш се до вас, дури и кога вие не сте тука за самите себе

Заблагодарете им се на пријателите кои постојано се до вас, слушајќи ги приказните за вашиот љубовен живот. Сигурно постоеле моменти кога тие ги превртувале очите и сакале да ви кажат да зборувате за нешто друго, а не само за тоа момче. Иако вие го знаете ова, сепак, постојат денови кога сето тоа е посилно од вас, па на вашите пријатели гледате како безбедно место кое ви нуди поддршка и утеха, а за тоа никогаш не ќе можете да им се заблагодарите доволно. Покрај нив знаете дека ништо не останало незабележано.

Порака до пријателите кои секогаш се до вас, дури и кога вие не сте тука за самите себе

Заблагодарете им се за тоа што останале доцна во ноќта или станале рано наутро за да ја слушаат приказната која ја повторувате по стоти пат, обидувајќи се да дојдете до некој поразличен заклучок. Заблагодарете им се што ви овозможуваат да им ги испраќате пораките од момчето со кое се допишувате, за тоа што постојано ви се поддршка и се тука кога ви се најпотребни, а исто така и ви укажуваат на суровата вистина што ви предизвикува болка. Заблагодарете им се што ви се рамо за плачење секогаш кога се враќате на погрешните момчиња, за тоа што ви даваат совети и ве потсетуваат на она што го заслужувате, кога и вие самите не сте свесни за тоа.

Заблагодарете им се што не ви дозволуваат да се впуштите во врска со некој кој не го заслужува вашето време, за тоа што ви подаваат рака секогаш кога чувствувате дека паѓате. Заблагодарете им се затоа што не си заминале од вас кога многу ви биле лути. Заблагодарете им се затоа што се покрај вас и ве прифаќаат токму онакви какви што сте, со сите ваши предности и несовршености. Ваквите пријатели се нешто најдобро што досега ви се случило!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар