Полнети компири кои ќе ви го отворат апетитот

Вкусен ручек од кој сите ќе бидат задоволни

Полнети компири кои ќе ви го отворат апетитот

Потребни состојки:
  • 6 компири
  • 60 г путер
  • 115 г павлака
  • 4 парчиња сланина, испржени и исечкани
  • 250 г кашкавал чедар
  • сол
  • бибер
  • црвен пипер
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 Целзиусови степени. Со виљушка направете дупки во компирите и наполнете ги дупчињата со путер. Печете 45 до 55 минути, додека компирите убаво омекнат. Потоа, оладете ги и пресечете ги на половина по должина.

Половините издлабете ги, а внатрешноста од компирот што ќе ја извадите ставете ја во еден сад. Во садот додадете го путерот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додадете ги и павлаката, сланината, кашкавалот и зачините и мешајте уште една минута. Потоа, со смесата наполнете ги компирите и одозгора ставете малку црвен пипер. Печете ги уште 20 минути на истата температура, додека компирите не добијат златно-кафена боја.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар