Појадокот и здравата телесна тежина: 15 грешки што треба да ги избегнувате

Појадокот и здравата телесна тежина: 15 грешки што треба да ги избегнувате

Кога станува збор за појадувањето, повеќето сме склони кон некои грешки коишто прават нашиот појадок да биде нездрав и да придонесе за вишок килограми. Веќе добро знаеме дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, но малкумина знаат дека тој исто така може да биде и извор на прекумерна тежина. Погледнете ги следниве 15 грешки коишто не смеете да ги правите кога е во прашање појадокот.

1. Размислете пред да посегнете по првиот залак

Кога колегите ќе донесат слатки работи, канцеларијата лесно може да стане калориска замка. Но, застанете, сконцентрирајте се, длабоко вдишете и фокусирајте се на вашите цели кога станува збор за здравјето и здравиот начин на живот. Само размислете, дали е подобар вкусот на мафините или пак чувството дека ги остварувате зацртаните цели?

2. Не дозволувајте да ве „прелажат“ соковите

Можеби мислите дека пиењето вештачки сок од портокал е идеален начин да го започнете денот, но, имајте предвид дека купените сокови се полни со шеќери. Можеби подобро е да се напиете една чаша обична вода и да изедете еден портокал, затоа што овошјето ќе ви пружи витамини и минерали, а исто така содржи и влакна коишто можат да го намалат чувството на глад и да ве држат заситени до времето за ручек.

3. Заситете се, но на здрав начин

Палачинките и вафлите не се добра идеја за појадок. Наместо тоа, земете житарици од цело зрно или пак тост и со тоа обидете се да внесете малку протеини во форма на нискокалоричен или безмасен јогурт, месо и слично. Ова долго време ќе ве одржува заситени.

4. Внимавајте на искушенијата

Слатките работи со појадокот се неодоливи, но утрото, обидете се да им одолеете. Печивата, кроасаните и зашеќерените житарици можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта, да го намалат нивото на енергијата и да предизвикаат чувство на глад.

5. Не го исклучувајте кафето од појадокот

Не морате да го избегнувате утринското кафе, дури и да внимавате на здравата исхрана. Доколку не сте премногу чувствителни на кофеин или пак немате некои здравствени тегоби, кафето е природен и вкусен начин да го подобрите своето расположение. Ако чувствувате потреба за уште една шолја кафе, тогаш можеби не сте наспиени. Сепак, запаметете дека кафето не е замена за добар сон и одмор.

6. Бидете внимателни со додатоците во кафето

Овде се мисли на додатоците коишто може да влијаат на зголемување на вашата телесна тежина. Шеќерот, сирупите со вкус, како и шлагот, може да го претворат кафето во калориска бомба, особено ако пиете повеќе такви кафиња во текот на денот. Потрудете се за почеток да ги намалите тие додатоци, за на крајот да бидете во можност да уживате во кафето без ваквите додатоци.

7. Бидете спремни кога ќе почувствувате глад

Доколку честопати сте во брзање па го прескокнувате појадокот, претпочитајте да имате здрава ужина. Испланирајте го тоа однапред, па снабдете се со здрави намирници за во вашата кола или пак за во фрижидерот на работа.

8. Држете се до една порција

Подгответе си порција богата со протеини, но безмасни. На пример, свежо овошје или зеленчук, леб или житарици од цело зрно е добар начин да го подготвите своето тело и својот ум за претстојниот ден.

9. Би било добро да ги избегнувате слатките работи од автоматите

Наместо слатки, слободно купете си безмасен јогурт без шеќер, свежо овошје и слично.

10. Пазете што и колку јадете

Можете да уживате во семејниот ручек и без предјадење. Потребно е само да ги избегнувате мафините, овошните сокови, коктели и слатките. Јадете јајца, месо, лосос, свежо овошје и зеленчук.

11. Запомнете ја оваа изрека

Оваа позната изрека треба секојдневно да си ја повторувате: „Јади како крал, ручај како принц и вечерај како сиромав.“ Кажувајте си ја оваа изрека во текот на денот и така полесно ќе го издржите патот кон здравата и посакувана тежина.

12. Не појадувајте овошни чоколади

Иако се најлесно достапни, овошните чоколада содржат исто калории колку и десертите. Подобро е да јадете путер од кикирики на мало парче леб. Направете сендвич од тоа и ќе можете да го јадете и на работа.

13. Внимавајте на коктелите

Секако, првиот оброк во текот на денот треба да ви даде енергија, а не да ве „нокаутира“. Внимавајте со алкохолот затоа што содржи многу калории.

14. Задолжително појадувајте

Дури и ако чувствувате ситост од минатата вечер, кога ќе се разбудите, јадете барем нешто во утринските часови. Прескокнувањето на оброкот може да влијае на забавувањето на метаболизмот, па затоа, препорачливо е да не го заборавате појадокот.

15. Не заборавајте чаша вода

Секогаш е добро и здраво во вашиот оброк да вклучите и голема чаша вода. Водата ќе ве хидрира и ќе ви пружи чувство на ситост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар