Погледнете ја најпопуларната венчаница на Инстаграм

Погледнете ја најпопуларната венчаница на Инстаграм

Многу мејкап артисти и модели стануваат познати на Инстаграм со помош на естетика, собирајќи фанови преку визуелно привлечните фотографии што ги објавуваат. Но само индонезиската невеста Интан Азара може да се пофали со најпопуларната венчаница на оваа социјална мрежа. Дизајнирана од страна на Иван Ганаван, во моментот кога е пишуван овој текст, таа заслужено има над 200.000 срца, добивајќи инстант слава на Инстаграм.

(3) poglednete-ja-najpopularnata-venchanica-na-instagram-www.kafepauza.mk

Поради големата популарност и напливот на нови фанови, Азара морала да го направи својот профил приватен за малку да се одмори од љубовта што ја добива. Но и покрај тоа што профилот на невестата е приватен, сепак моделот може да се види на официјалниот профил на дизајнерот, каде што продолжува да освојува женски срца.

(2) poglednete-ja-najpopularnata-venchanica-na-instagram-www.kafepauza.mk

Па, како изгледа најпопуларната венчаница на Инстаграм? Овој модел е уметност. Тој се одликува со долги ракави и раскошни бисери, што му даваат текстура и димензија, како и целосно здолниште со долг тул. Со неколку зборови, изгледа како фустан од бајките! Истото можеме да го кажеме и за невестата, како и за целата свадба. Неверојатно!

(1) poglednete-ja-najpopularnata-venchanica-na-instagram-www.kafepauza.mk

5 познати модни дизајнери советуваат: Како да ја пронајдете совршената венчаница?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар