Поедноставете си го вашиот живот

„Всадете“ си во глава дека животот е убав и најверојатно таков и ќе ви биде. Се прашувате зошто? Затоа што со таа мисла на ум ќе имате доволно мотив и волја да станете подобра личност, што дополнително ќе ви даде мотив да се борите за успех, а тоа од своја страна е еднакво на хармоничен живот. Ослободете го вашиот ум и почнете да размислувате едноставно. Советите кои следуваат можеби ќе ви помогнат во тоа.

  • Не обидувајте се да ги прочитате мислите на другите луѓе. Не очекувајте ниту тие да ги прочитаат вашите. Комуницирајте!
  • Бидете љубезни, но не обидувајте се да се спријателувате со сите луѓе околу вас.

Поедноставете си го вашиот живот

  • Вашето здравје е вашиот живот. Одете барем еднаш годишно на лекарски преглед, да проверите дали сè е во ред со вашето здравје.
  • Станувајте секое сабајле 30 минути порано одошто сте планирале, за да не мора налудничаво да трчате низ дома брзајќи да стигнете до саканото место. На тој начин ќе избегнете казни за брзо возење, доцнење и други непотребни главоболки.

Поедноставете си го вашиот живот

  • Не губете си го времето со чувства на љубомора. Единствената личност со која треба да се натпреварувате сте вие.
  • Немојте да бидете премногу горди и самоуверени. Разговарајте за проблемот, ракувајте се или прегрнете се и продолжете понатаму.

Поедноставете си го вашиот живот

  • Организирајте го вашиот дом, како и просторот во кој работите. Прочитајте ја книгата на Дејвид Ален „Завршете ги работите“ (Getting Things Done) од која можете да усвоите доста практични совети за добра организација.
  • Ослободете се од работи кои не ги користите и кои нема никогаш да ви затребаат.
  • Побарајте второ мислење, ако не сте сигурни околу нешто.

Поедноставете си го вашиот живот

  • Потрошете малку време за да научите некој скратен пат за завршување на задачите, кој ќе можете постојано да го користите во иднина.
  • Немојте да пиете алкохол или да користите наркотици кога сте лути, разочарани или тажни. Наместо тоа – џогирајте. Ќе се чувствувате многу подобро.

Поедноставете си го вашиот живот

  • Не одложувајте ги оние задачи за кои ви се потребни две минути да ги завршите. Сторете го тоа веднаш.
  • Секогаш бидете искрени пред себе и пред другите.
  • Не земајте и не посакувајте нешто што не ви припаѓа вам.
  • Правете една работа во еден временски период и притоа дадете сè од себе.
  • Кажувајте им „те сакам“  на оние луѓе што ги сакате што е можно почесто и покажувајте го тоа на разни начини.

Поедноставете си го вашиот живот

  • Бидете свои, не копирајте го однесувањето на некој друг.
  • Држете се настрана од драмата на другите луѓе. Ни самите немојте непотребно да создавате своја.
  • Ако нешто мразите да правите, тогаш престанете.

Поедноставете си го вашиот живот

  • Третирајте ги сите со исто ниво на почит каква што би покажале кон вашиот дедо и бидете исто толку внимателни, колку што би биле со вашето тримесечно братче или сестриче.
  • Извинете се секогаш кога знаете дека сте погрешиле.
  • Бидете љубопитни. Не плашете се да научите нешто ново. Почесто анализирајте ги вашите идеи и можности.

Поедноставете си го вашиот живот

  • Не бидете срамежливи. Поврзувајте се со луѓето. Запознавајте нови.
  • Немојте премногу да се грижите за тоа што другите мислат за вас.
  • Немојте да јадете кога ви е досадно. Јадете само кога сте гладни.

Поедноставете си го вашиот живот

  • Оставете ги оние нешта кои не можете да ги промените. Фокусирајте се на оние кои можете да ги промените.
  • Следете го вашето срце. Не трошете си го вашето време, исполнувајќи ги соништата и желбите на некој друг.
  • Бидете трпеливи и радувајте се на малите победи.

Поедноставете си го вашиот живот

  • Прифатете го фактот дека колку и да е лоша или добра некоја ситуација во моментов, таа состојба ќе се промени во иднина.
  • Созревајте со текот на годините, но немојте пребрзо да пораснете.
  • Сфатете дека не сте секогаш толку многу во право колку што мислите дека сте.
  • Пронајдете некоја тешка работа, во која ќе уживате додека ја извршувате. Колку повеќе се трудите, толку посреќни ќе бидете.
  • Правете го она во што сте добри. Во спротивно само ќе се фрустрирате.
  • Правете грешки, научете нешто од нив, насмевнете се за тоа искуство и продолжете понатаму со вашиот живот.

Звучи мошне едноставно нели? :)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар