Подобрување на комуникациските способности – како да бидете слушнати?

Подобрување на комуникациските способности – како да бидете слушнати?

Нели ѝ објаснавте на вашата фризерка дека сакате косата да ви ја скрати малку, а сега должината на вашата коса е до рамена? Нели прво вие ја спомнавте идејата за која сега зборува вашиот колега, а според вашиот шеф тоа е најгенијалното нешто што некогаш го чул?

Подобрување на комуникациските способности – како да бидете слушнати?

Некои луѓе знаат како да го привлечат вниманието кон себе и да направат да бидат слушнати, но други многу често чувствуваат како да се игнорирани. Способноста да се искажат мислите и тие да бидат прифатени од околината е вештина која може да се совлада. Сè започнува со внимателно забележување на реакциите на другите додека зборувате.

Дали додека зборувате, луѓето одбегнуваат контакт со очи со вас или на поинаков начин покажуваат незаинтересираност? Дали се однесуваат како да им го губите времето и почнуваат да гледаат во своите телефони или да испраќаат пораки? Не дозволувајте да бидете прекинувани. Изразувајте се гласно и јасно, а не со несигурност. Се плашите дека би биле осудувани или погрешно разбрани? Токму таа несамодоверба ќе направи тоа што го кажувате да звучи незначајно и помалку важно. Ако вие не ги вреднувате вашите мисли и ставови, како очекувате некој друг да ги вреднува повеќе? Однесувајте се како тоа што го кажувате да е од огромно значење за сите и како да ја имате целата самодоверба на овој свет.

Каков е вашиот став додека зборувате? Некогаш и несвесно знаеме да се поставиме како арогантни и самобендисани. Ако звучите како да сте вие најпаметната личност во просторијата, како вие да ги имате решенијата на сите проблеми и како единствено вашите мисли да се од важност, не очекувајте дека ќе бидете внимателно слушани и точно разбрани. Пробајте со поинаков пристап. На пример, наместо да речете „Јас знам што треба да направиме“, речете „Имам свое мислење во врска со проблемот, се надевам дека би сакале да го чуете“. Секогаш бидете отворени за фидбек и за соработка со останатите.

Подобрување на комуникациските способности – како да бидете слушнати?

Дали се прилагодувате според оние кои ве слушаат? Однесувајте се со оние кои ве слушаат според тоа какви луѓе се тие. Доколку не ги знаете долго време, пробајте да ги процените. За какви теми би се интересирале? Со какво темпо или јачина на звукот би требало да им се обраќате? Дали би прифатиле шега или не? Трудете се да не звучите монотоно. Променувајте ја интонацијата, послужете се со некој пример или анегдота, употребете гестикулации и сл. Многу е важно да ја процените публиката. Доколку сте одбрале на мажи да им зборувате за чувства, нема да бидете слушани или разбрани онака како што би биле доколку би разговарале со жени.

Колку подобро слушате, толку подобро ќе бидете чуени. Секогаш покажувајте интерес за она што го зборуваат другите. Но, не останувајте пасивни слушатели. Доколку имате мислење искажете го без да се наметнувате. Бидете пријатни и дружељубиви. Но, во никој случај не дозволувајте вашето мислење да остане единствено за вас, можеби токму вие ја имате најгенијалната идеја или решение за некој проблем.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар