Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

Многумина од нас, мислат дека кога нешто не им оди во животот, потребна им е некоја драстична промена. Напротив, менувајќи мали нешта во вашето секојдневие можете да си го подобрите животот на долг рок. Во овие 60 точки се содржани совети за вакви мали промени кои можете да ги практикувате во следните 100 дена, а резултатите од нив ќе ги почувствувате и многу порано.

Не мора да одите по оваа листа за да направите драстична промена во вашиот живот. Од неа земете инспирација и дадете си завет пред самите себе дека според некои од нив ќе го живеете животот секој ден во текот на следните 100 дена, без исклучок.

Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

Дом

1. Забележете во календар 100 работи што треба да ги средите, означувајќи по една обврска за секој ден. На пример:

  • Ден 1: средете ги старите списанија
  • Ден 2: средете ги дивидијата
  • Ден 2: средете ги книгите
  • Ден 4: средете го приборот во кујната…

2. Во наредните 100 дена придржувајте се до овие 4 правила за да го одржите редот во вашиот дом.

  • Ако извадите нешто надвор, вратете го назад.
  • Ако отворите нешто, не заборавајте да го затворите.
  • Ако нешто ви падне долу, кренете го.
  • Ако тргнете нешто од едно место, вратете го назад.

3. Прошетајте низ домот и пронајдете 100 работи кои сте ги толерирале, а на кои им треба поправка. Поправајте по една секој ден. На пример:

  • Сменете прегорена сијалица!
  • Зашијте го копчето на омилената кошула!
  • Секогаш кога ќе отворите некој елемент во кујната, предметите паѓаат? Направете нешто околу тоа.

Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

Среќа

4. Секој ден запишувајте по 5 работи за кои сте благодарни.

5. Направете листа со 20 мали нешта кои обожавате да ги правите и гледајте да правите барем по една од нив секој ден. Листата може да содржи:

6. Запишувајте си ги важните разговори кои ги имате во вашата глава во текот на 10 дена, како позитивните, така и негативните. Бидете прецизни.

  • Колку пати во текот на денот се преморувате?
  • Дали се чувствувате неспособно?
  • Дали постојано ви навираат критички мисли за другите?
  • Колку позитивни мисли ви доаѓаат во текот на денот?

Исто така водете забелешки за емоциите кои ги чувствувате додека ги имате овие мисли. Потоа, во текот на следните 90 дена, почнете да ги менувате вашите ментални прашања кон подобро за да почувствувате и емоционално подобрување.

7. Во следните 100 дена, добро изнасмејте се барем еднаш во текот на секој ден. Посетувајте веб-сајт за вицови, купете книга со шеги или смислете нешто друго што ќе ве засмева секој ден.

Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

Учење и личен напредок

8. Изберете некоја книга која бара напор и концентрација и читајте по малку од неа секој ден, така за да ја завршите до 100-иот.

9. Учете по една нова работа секој ден. Тоа може да е името на некој цвет, главниот град на некоја далечна држава или изведувачот на некоја класична музика. Ако денот ви помине без да научите нешто ново, отворете го речникот и научете нов збор.

10. Престанете да се жалите во следните 100 дена. Негативните муабети предизвикуваат негативни мисли, негативните мисли произведуваат негативни резултати.

11. Наместете си го алармот да ви ѕвони по една минута порано секој ден во следните 100 дена. Станувајте од кревет, штом ќе го чуете алармот. Отворете го прозорецот за да ви влезе малку сончева светлина и истегнете си го телото. За 100 дена ќе се будите час и 45 минути порано одошто сега.

12. Пишувајте по 3 „утрински страници“ секој ден во следните 100 дена. Овој метод претставува едноставно празнење на совеста преку пишување на рака на оние мисли кои први ќе ви дојдат наутро.

13. Во следните 100 дена, настојувајте да си го храните мозокот со оние мисли, зборови и слики кои имаат најмногу врска со она што сакате да бидете како личност, она што сакате да го поседувате или она што сакате да го постигнете.

Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

Пари

14. Направете си буџет, односно план за трошење на вашите пари. Водете сметка за секој денар што ќе го потрошите во текот на следните 100 дена за да бидете сигурни дека се придржувате до направениот план.

15. Применувајте мудри тактики за трошење пари во текот на следните 100 дена:

  • Наместо да појдете во маркет со вашата кредитна или дебитна картичка, појдете со кеш и со дигитрон или користете го оној кој го имате на мобилниот телефон.
  • Направете листа пред да одите да пазарите за да не купувате работи кои веќе ги имате во домот.
  • Запрашајте се дали ви е навистина потребен фиксен телефон.
  • Откажете ја претплатата за дополнителните ТВ канали кои реално не ви требаат.
  • Планирајте завршување на повеќе работи при едно излегување за да не трошите бензин или пари за автобус повеќе пати одошто е потребно.

Забележете колку пари сте трошеле во текот на овие 100 дена благодарение на овие совети.

16. Плаќајте само со хартиени пари и чувајте ги ситните кои ги добивате како кусур. Ставајте ги железните парички во касичка или во тегла и видете колку можете да заштедите за 100 дена.

17. Не купувајте ништо што не ви е апсолутно потребно. Сите пари што ќе ги зачувате на овој начин, употребете ги на некој од овие:

  • Раздолжете си го долгот.
  • Тргнете пари настрана „за не дај Боже“.
  • Почнете да штедите за некоја инвестиција.

18. Трошете по еден час секој ден за да смислите нов начин за пасивно добивање приход.

Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

Време

19. Во следните 100 дена, постојано носете тетратка со себе со цел да си го одржите редот во умот. Забележувајте сè на едно место. Вака ќе можете да одлучите дали да му се навратите на напишаното подоцна или не. Запишувајте вакви работи:

  • идеи за работни задачи
  • датуми за состаноци
  • To Do листи

20. Забележете како го трошите вашето време во следните 5 дена. Искористете ги сознанијата од ова ваше мини-истражување за да направите паметна прераспределба на вашето време, така за процентуално да поминувате онолку време колку што сакате на секоја конкретна активност:

  • превоз
  • работа низ дома
  • одмарање
  • активности за генерирање приход

Држете се до планот во текот на следните 95 дена.

21. Идентификувајте некоја работа на која губите време, а не е многу важна и наместо на неа, посветете го тоа време на друга работа која има повисок приоритет во вашиот живот.

22. Идентификувајте 5 нешта на кои редовно трошите време и ограничете си го времето кое ќе го трошите на овие активности во следниот период. На пример:

  • Не гледајте телевизија повеќе од половина час на ден!
  • Не посветувајте повеќе од половина час дневно на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер!
  • Не трошете повеќе од 20 минути на ден играјќи видеоигри!

23. Во следните 100 дена, престанете со мултитаскингот. Правете ги работите една по една, без да си го одвлекувате вниманието.

24. Во следните 100 дена, планирајте си го секој ден претходната вечер.

25. Секој ден правете ја прво најважната задача од вашата To Do листа пред да фатите што било друго.

26. Направете преглед на секоја од следните 14 недели, запрашувајќи се:

  • Што постигнавте?
  • Дали нешто тргна наопаку?
  • Што тргна наопаку?

27. Во следните 100 дена, трошете по неколку минути секој ден за средување на вашето биро. Така, секој ден кога ќе пристигнете на работа ќе ве пречека чиста и организирана работна средина.

28. Напишете ги сите обврски и социјални планови што ги имате за својата блиска иднина (100 дена). Потоа, со црвен фломастер пречкртајте ги оние кои не ве прават вистински среќни во животот или пак не придонесуваат кон постигнување на вашите главни животни цели.

29. Во следните 100 дена, секогаш кога работејќи нешто ќе се префрлите на друга активност, запрашајте се: дали вака најдобро го користам моето време?

Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

Здравје

30. За да ослабете 1 кг, треба да изгорите 7700 калории. Ако го намалите внесот на калории за 200 на дневна основа, за 100 дена ќе тежите 2,5 кг помалку.

31. Во следните 100 дена, јадете по 5 мали порции зеленчук секој ден.

32. Во следните 100 дена, јадете по 3 мали порции овошје секој ден.

33. Изберете едно јадење кое постојано ви го саботира успехот во вашата диета: чипсот, пицата или омилените тестенини и откажете се од него во следните 100 дена.

34. Јадете од помала чинија за да ја контролирате количината на храна што ја внесувате.

35. Купувајте 100% џусови наместо оние со додадени шеќери и конзерванси.

36. Наместо газирани пијалаци пијте вода.

37. Направете листа со 10 здрави јадења за доручек кои лесно можете да ги подготвите.

38. Направете листа со уште 20 лесни, но здрави јадења што можете да ги подготвите за ручек или за вечера.

39. Изберете си 10 здрави грицки кои брзо можете да ги направите.

40. Со овие листи планирајте што ќе јадете во текот на секоја недела. Планот правете го однапред за сите 14 недели.

41. Во следните 100 дена, водете дневник на вашата исхрана за да забележите доколку отстапувате од планот или внесувате екстра калории.

42. Вежбајте секој ден по 20 минути.

43. Носете педометар и одете по 10.000 чекори секој ден. Секој чекор се важи.

44. Закачете си графикон за вашата телесна тежина во бањата и секоја недела забележувајте ја вашата тежина, мастите и обемот на струкот.

45. Наместете си го часовникот да ви бипка на секој час или подесете го компјутерот или мобилниот телефон. Целта е да имате потсетник за редовно пиење вода.

46. Направете си дневен ритуал – медитирајте, дишете или визуелизирајте нешто во главата за да останете смирени.

Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

Врската со партнерот

47. Следните 100 дена, секој ден барајте по некоја позитивна карактеристика кај вашиот партнер и запишувајте ја.

48. Направете споменар од сите работи кои сте ги правеле со вашиот партнер. На крајот, предајте му ја листата со неговите позитивни работи, како и споменарот на вашата заедничка среќа и љубов.

49. Изберете 3 работи кои ќе ги правите секој ден со цел да ја зацврстите вашата врска. На пример:

  • Кажете му „Те сакам“ и посакајте му убав ден наутро.
  • Гушнете го вашиот сакан веднаш штом ќе се видите после работа.
  • Одете на заедничка прошетка секој ден после вечера притоа држејќи се за рака.

Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

Дружење

50. Поврзувајте се со некоја нова личност секој ден во наредните 100 дена, без разлика дали ќе поздравите некој сосед со кој порано не сте си рекле „Здраво“, ќе почнете да следите некого на Твитер или пак ќе искоментирате на блог или веб-сајт каде немате коментирано порано. На пример, почнете со коментар на овој пост.

51. Поставете си за цел да се дружите со луѓе на кои им се воодушевувате, ги почитувате и сакате да бидете како нив.

52. Кога некој ќе каже или направи нешто што ќе ве вознемири, подзастанете за момент и размислете како да изреагирате, наместо веднаш да го испукате првото нешто што ќе ви дојде на памет.

53. Не осудувајте додека не ги чуете двете страни на секоја приказна.

54. Правете нешто добро за некого секој ден, макар да е и некоја мала работа како на пример упатување благослов.

55. Пофалете ги и дајте им признание на оние кои тоа го заслужуваат.

56. Слушајте внимателно. Кога некој ви зборува, фокусирајте се на тоа што го слушате наместо да мислите во главата што ќе одговорите.

57. Сочувствувајте. Ако не се согласувате со некого, обидете се да ги видите работите од негова перспектива, ставете се во неговите чевли. Бидете љубопитни за уверувањата на другата личност, нејзините животни искуства, начинот на размислување кој ја довел до таквите заклучоци.

58. Живејте го само вашиот живот без да се споредувате со други.

59. Толкувајте ги акциите на другите на најдобар можен начин.

60. Во следните 100 дена, запомнете дека секој го прави најдоброто што може. Исто така и вие!

Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. jane Reply

    bravo za sovrsenite soveti. Potpolno se soglasuvam .

  2. iren4e Reply

    interesni soveti, bi sakala da se obidam da gi napravam :)

  3. goran Reply

    Bukvalno sum fasciniran od vasite statii posebno ovie koi oze da ne napravat samo podobri lugje , rodolzete so statiite od ovoj tip so soveti

  4. луција Reply

    советите ви се одлични но за да ги применуваш треба да си упорен

Остави коментар