Подигнете го нивото на вашето расположение

Доколку се чувствувате нерасположено или пак едноставно сакате малку да се освежите од секојдневието, време е да преземете активности за расположение. Досадата, малаксаноста и депресивноста можат силно да му наштетат на вашето психичко здравје. Секојдневните грижи можат да ви предизвикаат уште поголемо чувство на нервоза, нешто што воопшто не ви е потребно во таа состојба. Со овие неколку интересни совети, ќе можете да ги оставите овие чувства зад вас и повторно да гледате низ призмата на розовите очила.Подигнете го нивото на вашето расположение1. Исфрлајте ја негативната енергија преку разговор со најдобриот пријател или пишувајќи во дневник, во кој ќе си ја олеснувате душата. Искажувањето на чувствата е здрав начин за исфрлање на негативностите кои ги носите со себе, што е потребно за подобрување на расположението.

2. Променете го неделното мени и почнете да консумирате храна која може да ви го зголеми расположението. Здравата и свежа храна секогаш треба да ви е приоритет, а оревите, лососот, леќата и овесот треба да ви се на врвот на листата.

3. Појдете во теретана. Подобрете си го метаболизмот преку добро и здраво потење, што ќе го постигнете со кардио или боди-билдинг тренинг. Вежбањето ослободува ендорфин, хормон кој може да го подигне вашето расположение.

4. Наспијте се убаво. Недостатокот на квалитетен сон, може да ве направи лесно избувливи и изморени во текот на целиот ден. Добриот сон секогаш позитивно ќе влијае врз вашето расположение.

5. Фокусирајте се на позитивното. Ова звучи како најголемо клише, но праксата покажува дека фокусирањето кон нештата кои ги сакате може да ве извади од темните мисли. Ова не мора да значи дека наеднаш треба да постанете екстремно позитивни и оптимистички настроени, туку едноставно започнете да гледате на светлата страна.

6. Излезете на сонце. Витаминот Д од сончевите зраци игра многу важна улога во регулирањето на вашето расположение, велат истражувањата на научниците од Универзитетот во Манчестер. Резултатите од истражувањето покажале дека учесниците со поголемо количество на витамин Д, биле емоционално постабилни отколку оние со пониско ниво на витаминот во себе.

7. Шетајте на свеж воздух. На мозокот му е потребно повеќе свеж кислород за да ги расчисти мислите, за да се фокусира и да се ослободи од стресот. Излезете на кратка прошетка и уживајте во неа.

8. Внимавајте на оброците. Како надополнување на втората точка, важно е да внимавате да не прескокнувате оброци и да останувате гладни предолго. Доколку нивото на шеќер во крвта ви падне многу ниско, може да се почувствувате нерасположени и уморни. Јадете мали оброци неколкупати во денот и следете си го нивото на шеќерот во крвта.

9. Најдете нешто што ќе ви ја врати насмевката на лицето. Без разлика дали станува збор за разгледување стари слики и потсетување на убави спомени, каде што сте среќни и весели или пак гледање добра комедија, истражувањата покажале дека можете да станете среќни доколку почнете да се смеете.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар