Подгответе го дворот за ова лето

Подгответе го дворот за ова лето

Убаво уредениот двор го привлекува вниманието и создава чувство на удобност и просторност, правејќи ја сè помалку јасна границата помеѓу внатрешниот и надворешниот простор.

Мини-бар во дворот

Како што на готвачите им е потребно место за нивниот прибор, така и на бармените им е потребно место каде што ќе ги сместат своите алатки. Но кога се работи за големо и отворено место како што е дворот, најсоодветна е мала и функционална бифе-маса, доволно голема да го собере целиот прибор, а сепак лесна за преместување.

Подгответе го дворот за ова лето

Дворот како спа-центар

Иако звучи необично, дворот може да го претворите во вистински спа-центар кој ќе ве доближи поблиску до природата. За оваа интересна идеја не ви е потребен целиот двор. Најдобро е својот мини-спа центар да го сместите во некој агол од дворот или во некое поинтимно место опкружено со повеќе зеленило.

Подгответе го дворот за ова лето

Поблиску до природата

Доколку во дворот имате дрвена платформа, тоа е одлична шанса да ја почувствувате природата со сите сетила. Заборавете на мебелот, земете само неколку перници и опуштете се на платформата. Дополнително, опкружите ја платформата со цвеќиња, а во вечерните часови загрејте ја атмосферата со свеќи во различни бои.

Подгответе го дворот за ова лето

Изнесете го домот надвор

За оваа идеја не е потребно да имате двор голем исто колку и вашата куќа. Својот дом можете буквално да го изнесете надвор, така што ќе пренесете еден дел од мебелот во дворот. Тоа може да го направите со одреден мебел (на пример, само мебелот од дневната или од спалната соба), но може да направите и комбинација од повеќе соби со што ќе добиете дом под отворено небо и шанса да ги гледате ѕвездите додека да заспиете.

Подгответе го дворот за ова лето

Вечера во дворот

Доколку сакате да организирате вечера во дворот, внимавајте на неговата големина. Без разлика дали планирате поголема прослава или интимна вечера, просторот треба да е доволно голем за да собере десетина луѓе. Дури и да се работи за вечера за двајца, целиот двор може да биде декориран со интересни украси, светлото да биде интимно, а мебелот да биде изработен од дрво.

Подгответе го дворот за ова лето

Во задниот дел од куќата

Ова е идеално решение за помалите домови. Уредете го предниот дел од дворот, но не заборавајте го и задниот. Дворното место зад куќата треба да е поинтимно и со помалку елементи, отколку делот пред куќата. Доколку малата спална соба се наоѓа во задниот дел од куќата, со минимално уредување на задниот дел од дворот визуелно ќе се зголеми собата и ќе изгледа како таа да продолжува и надвор од домот.

Подгответе го дворот за ова лето

Внимавајте на влезот

Освен дворот, подеднакво е важно како ќе биде уреден и самиот влез на куќата. Скалите се најчест избор, но доколку дозволува големината на дворното место, наместо скали, пред влезот поставете платформа на три нивоа. Во овој случај, скалите нема да се забележуваат многу и ќе служат само за да ги поврзат платформите.

Подгответе го дворот за ова лето

Опкружување со вода

Присуството на вода во дворот, без разлика дали се работи за фонтана или мало езерце, го зголемува чувството на смиреност. Езерцата се погодни за одгледување риби и желки, што може да го направи дворот уште поинтересно место, посебно ако сред езерцето се наоѓа мал остров каде што може да се релаксирате во секое време.

Подгответе го дворот за ова лето

Неколку нивоа на дворот

Одлично решение за куќа која се наоѓа на повисоко и пострмно место е дворот на неколку нивоа. Бидејќи просторот околу куќата не дозволува хоризонатална поставеност на дворот, тој ќе мора да биде вертикално поставен на неколку нивоа. За да се долови вистинскиот изглед и удобноста на дворот, нивоата треба да бидат широки, уредени со удобен мебел, а меѓусебно да бидат поврзани со скали.

Подгответе го дворот за ова лето

Поиграјте си со боите

Уредувањето на дворот не значи дека треба да доминира само една боја. Напротив, ако е застапена само една боја, тоа може да го направи дворот здодевно место. Бидете храбри и поиграјте си со боите. Ако сакате инстант промена, направете го тоа преку мебел и декорации за дворот во различни бои. Но, доколку сакате промена на боите на подолг рок, засадете растенија во различни бои, на пример сончоглед за да добиете жолта боја, или лаванда за виолетова.

Подгответе го дворот за ова лето


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар