Подготовка за ниските температури: Зимски фустани кои се идеални за вашата градба на тело

Поголемиот дел од жените запаѓаат во монотоно секојдневие за време на зимата, бидејќи им недостасува сонце, како и оние денови кога можат да носат сѐ што ќе посакаат без да се смрзнат. Кога има пониски температури, ние носиме фармерки, џемпер, чизми и тоа е тоа. Немојте погрешно да нè сфатите, џемперите и фармерките се никогаш нема да излезат од мода и ние ги обожаваме, но одвреме-навреме потребно е да се внесе некој новитет, барем малку да се скрши монотонијата на зимските денови. За среќа, тука се фустаните со долги ракави, кои се подготвени да ни го разубават студениот период. Секако, неопходно е да обрнете внимание на вашата градба и да пронајдете модел кој совршено ќе ви прилега, и ќе ги истакнува вашите адути.

1-podgotvete-se-za-moderna-zima-zimski-fustani-koi-se-idealni-za-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

1. Градба во облик на песочен часовник

Оваа градба има совршени пропорции на кои најдобро им одговара фустан кој ги нагласува облините. Станува збор за оној модел кој се стеснува во струкот и лесно „паѓа“ покрај вашето тело. Пожелно е да не биде премногу краток, односно да достигнува должина до над колена. Постојат милиони различни варијации на фустани со ваков крој, кои тотално ќе ѝ прилегаат на вашата фигура.

2-podgotvete-se-za-moderna-zima-zimski-fustani-koi-se-idealni-za-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

2. Градба во облик на круша

За ваквиот облик на тело идеални се фустаните со голи раменици. Голите раменици визуелно ќе направат пропорцијална фигура, бидејќи акцентот ќе биде ставен на клучната коска, а не на колковите. Ваквиот фустан е тука за да го нагласи тесниот струк, да ги изедначи горниот и долниот дел и да мами погледи каде и да се појавите.

3-podgotvete-se-za-moderna-zima-zimski-fustani-koi-se-idealni-za-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

3. Градба во облик на јаболко

Ваквата градба бара фустан кој се стеснува во струкот за облините да добијат уште подобра форма, а целата поента е да се истакнат сите ваши позитивни страни. Нема потреба од фустани кои имаат вишок материјали.

4-podgotvete-se-za-moderna-zima-zimski-fustani-koi-se-idealni-za-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

4. Машка градба

Испробајте фустани на преклоп. Тие на вашиот изглед ќе му дадат илузија на градба на песочен часовник, ќе ве освежат со дополнителна доза женственост, а вашата силуета ќе биде исклучително повпечатлива. Пожелно е да се одлучите баш за ваков фустан, бидејќи и изразот во облик на „V“ ќе го разубави вашето деколте.

5-podgotvete-se-za-moderna-zima-zimski-fustani-koi-se-idealni-za-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

5. Ниска градба

Заборавете на кратките фустани и изберете долг фустан, кој е потесен во пределот на струкот, со долги ракави кој сигурно ќе ве издолжи. Макси фустаните се актуелни веќе подолг временски период, и иако најчесто ги гледаме во летниот период, зошто да не би ги комбинирале и за време на зимата? Притоа, тие идеално ќе изгледаат во комбинација со кожна моторџиска јакна, и чизми со повисока потпетица за да добиете дополнително на висина. Верувајте ни, со ваквата комбинација нема да погрешите. Осудете се да ризикувате!

6-podgotvete-se-za-moderna-zima-zimski-fustani-koi-se-idealni-za-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

6. Висока градба

Таканаречениот миди фустан, со должина која достигнува до под колена, одлично им одговара на девојките со поголема висина. Она што е сигурно кога е во прашање ваквиот фустан е дека тој ја скратува вашата висина, и прави да изгледате повпечатливо. Слободно додајте и аксесоари како блејзер, или кратка јакна, добар пар патики или чизми до колена за максимален ефект.

7-podgotvete-se-za-moderna-zima-zimski-fustani-koi-se-idealni-za-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

Покрај фустаните, џемперите се нашиот најголем моден сојузник во овие ладни денови, а еве како да изберете џемпер кој одговара на вашата градба на тело.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар