Победете ја анксиозноста во само 8 чекори

Недефинираното чувство на страв, вознемиреност и тага кое се појавува без навидум очигледна причина е едно од најчестите психолошки проблеми. Станува збор за анксиозноста која често предизвикува и чувство на немоќ, бидејќи едноставно никој не може да се соочи со оние проблеми кои не може јасно да ги види. Но, тоа не значи дека таа е непобедлива. Погледнете ги овие 8 чекори предложени од страна на Академијата за психологија во Америка со цел полесно да се справите со ова состојба.

Победете ја анксиозноста во само 8 чекори

1. Контролирајте ја вашата загриженост: Одвојте 30 минути за целосна насоченост кон себе. Во околина која ви е удобна и пријатна и која ви обезбедува мир, направете листа од сите оние нешта кои ве загрижуваат. Откако ќе ги запишете вашите грижи ќе сфатите дека барем за половина од нив нема потреба од загриженост. Токму тоа ќе ви помогне да ги издвоите вистинските проблеми и да се фокусирате на нивно решение. И не заборавајте, секој проблем е решлив, потребно е само да се најде вистинскиот начин.

2. Вратете се малку во минатото и искрено разговарајте самите со себеси: Дали до крајот сте се избориле за проблемите кои сте ги имале или пак, сте ги „турнале“ под тепих и сте ги потиснале во себе? Иако се невидливи, често неразрешените проблеми од минатото се причина за појава на анксиозност во сегашноста.

3. Направете листа од вашите стравови и рангирајте ги според начинот на кој влијаат врз вас: Направете скала од 1 до 10 и со помош на вашиот здрав разум разделете ги вистинските опасности од оние кои се ирационални. Сигурни сме дека ќе сфатите колку повеќето од нив се бесмислени.

4. Во распоредот со вашите секојдневни вежби додадете редовна физичка активност: Најдобро тоа да е некаде на отворено, на свеж воздух. На овој начин ќе ги покренете умртвените процеси во вашето тело и ќе ги стимулирате хормоните кои носат задоволство и релаксирање на вашиот нервен систем.

5. Одвојте време за одмор кога сте дома: Слушајте ја онаа музика која ја сакате, научете основни јога вежби и применувајте ги секој пат кога ќе се чувствувате вознемирени. Кога ќе почувствувате необјасниви стравови, веднаш престанете со сите активности и неколку минути дишете длабоко, фокусирани целосно кон себе.

6. Неколку дена не консумирајте кафе, газирани пијалаци, алкохол и цигари: Нивните состојки го иритираат централниот и периферниот нервен систем, а со тоа влијаат и врз вашето расположение, начинот на кој се доживувате себе и вашата околина, како и врз погледот кон она што во моментот ви се случува.

7. Разговарајте со вашите блиски за тоа како се чувствувате: На овој начин ќе ги споделите вашите грижи и со другите, па токму затоа и потоа ќе ви биде полесно. Ако е потребно, не се плашете да се обратите ка психолог или психотерапевт за помош.

8. И за крај, не заборавајте дека во борбата за анксиозноста најважна е акцијата, а најлоша е пасивноста.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар