Победете го грипот со помош на храната

Во сезоната на настинки, повеќето луѓе се одлучуваат за пилешка супа кога ќе ги забележат првите симптоми на грипот. Но, ова не е единствената храна со која можете да го победите грипот. Витамините А, Ц и Е, како и некои други хранливи материи кои се наоѓаат во одредени видови храна, се исто така важни за зајакнување на имунитетот.

Победете го грипот со помош на храната

Црвена пиперка

Витаминот Ц не само што се бори против грипот, туку и ги намалува тежината и времетраењето на симптомите. Вкусната црвена пиперка содржи двојно повеќе витамин Ц во споредба со портокалот, а освен тоа може да биде и составен дел на многу јадења.

Моркови

Според едно велнес истражување направено во Њујорк, жолтиот и портокаловиот зеленчук, како што се морковите, соджи големи количетво на бета-каротин. Ова соединение се претвора во витамин А и им помага на клетките во зајакнувањето на имунитетот.

Победете го грипот со помош на храната

Сладок компир

Како морковите, така и слаткиот компир спаѓа во групата на жолт и портокалов зеленчук. Уште една заедничка работа на слаткиот компир и морковот, е големото количество на бета- каротен кој, претворајќи се во витамин А, се бори против респираторните болести. Слаткиот компир е најдобро да се користи во супи и салати.

Бадеми

Овие популарни јаткасти плодови се одличен извор на витамин Е, кој всушност претставува антиоксидант кој се бори против грипот. Најдобро е бадемите да се консумираат како ужина помеѓу оброците или како засилувачи на вкусот во одредени јадења.

Победете го грипот со помош на храната

Пилешка супа

Пилешката супа е одличен лек за болниот организам од повеќе причини. Пилешката супа содржи многу зеленчук кој е идеален во борбата против грипот. Таа исто така, има и антивоспалителни својства и го намалува производството на слуз и отокот во грлото. Освен тоа, пилешката супа привремено ја зголемува телесната температура, што исто така помага во борбата против инфекциите. Пилешката супа важи за вистински лек за душата во зимските денови, а она што е убаво за душата, е добро и за телото.

Лук

Сулфурните соединенија кои ги содржи лукот се покажаа како вистински борци против грипот. Но, едно истражување во Америка покажало дека лукот е најдобро да се косумира само како додаток во јадењето, затоа што дозата на сулфурни соединенија кои тој ги содржи, е доволно голема за да му влијае на организмот.

Победете го грипот со помош на храната

Ѓумбир

Природната состојка која се наоѓа во свежиот ѓумбир може многу да помогне во борбата против грипот. Користете го овој корен како зачин во јадењата и ќе бидете изненадени од неговиот ефект.

Печурки

Додатокот без кој не може да се замисли ниедна пица содржи големо количество на селен кој пак, им помага на белите крвни клетки да произведуваат цитокини, за да се борат против грипот. Освен ова, печурките се одговорни и за создавање на бета-глукан, антимикробен вид шеќер, кој исто така се бори против разни инфекции.

Победете го грипот со помош на храната

Лосос

Лососот е одличен извор на Омега 3 масни киселини и на рибино масло, кои се покажаа како многу делотворни во зајакнувањето на имунитетот. Оваа риба може да се консумира како главно јадење, но и како додаток во салата.

Темно чоколадо

Големата доза какао која во себе ја содржи темното чоколадо, ги поттикнува клетките да се борат против грипот и да го подобрат имунолошкиот систем на организмот. Доволно е да изедете само неколку коцки темно чоколадо или да го измешате во некој вкусен десерт.

Победете го грипот со помош на храната

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар