Победете го гладот помеѓу оброците

Држите диета според која смеете да внесувате мало количество калории во организмот и одлично ви оди, но сепак имате проблем… гладувате. Цело време размислувате за храна и за тоа што би можеле во тие моменти да каснете. Пробајте да се придржувате до овие совети, кои можат да ви помогнат да го победите гладот и да останете задоволни помеѓу оброците.

Направете избор на енергетска храна

Првото правило за да не се чувствувате гладни помеѓу оброците е да одбирате храна која нуди голем број  хранливи материи. Една лименка Кока-кола има исто калории колку тост со кашкавал, но сепак ефектот е сосема различен. Кока-колата ќе предизвика покачување на нивото на шеќер во крвта, кое потоа брзо ќе се спушти, правејќи да се чувствувате слаби и нервозни во следниот час. Тостот со кашкавал содржи хранливи влакна и протеини, кои ќе му помогнат на телото да издржи до следниот оброк.

Победете го гладот помеѓу оброци

Најдобро е да јадете три балансирани оброка и една закуска секој ден. Правете избор од овошје, зеленчук, мешункасти плодови, зрнести плодови, млечни производи со ниска масленост и малку месо. Храната полна со хранливи влакна е најдобра за да се остане сит, бидејќи тие бавно се варат оставајќи ве подолго задоволни од чувството во стомакот. Останете настрана од преработена храна која изгледа вкусно, но е преполна со непотребни калории. Гледајте да пиете многу вода, бидејќи дехидрирањето може да го успори вашиот метаболизам.

Дали обожавате да јадете житарици за појадок? Можеби палачинки или ѓеврек? Кој и да е вашиот избор, обидете се секогаш да го искомбинирате со свежо овошје. Исто така, можете да најдете безброј рецепти за печење овошен леб. Во него можете да додадете свежо или сушено овошје, а маслото за готвење да го замените со сок од јаболко, тиква или сладок компир.

Победете го гладот помеѓу оброци

Пијте сокови од цедено овошје

Многу е важно да ја внесувате дневната доза на овошје во организмот. Во повеќето денешни џусови се исфрла пулпата од сокот, со што се намалува количината на хранливи влакна. Тие се тешко варливи елементи на секое растение кое помага дигестивниот систем да функционира правилно.

Победете го гладот помеѓу оброци

Истражувањата покажуваат дека јадењето големо количество хранливи влакна помага при борбата со срцеви заболувања, шеќерна болест, дигестивни нарушувања, дебелината и некои видови рак. Многу е важно, доколку решите да си правите свој џус од свежо овошје, да ја оставите пулпата и да го извлечете максимумот од овошјето.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар