Победете ги стриите со помош на авокадо и камилица

Доколку држите диета пред летната сезона, никако не смеете да заборавите дека ненадејната и брза промена на килограмите, може да влијае на кожата и да се појават стрии.

Победете ги стриите со помош на авокадо и камилица

Стриите се појавуваат како последица од нагло растегнување на кожата и претставуваат еден од најголемите проблеми на изгледот на жените. Доколку некогаш во краток период имате изгубено поголем број килограми, сигурно сте се соочиле со појавата на стрии на стомакот, градите, задникот и на бутовите.

Дали ќе ви се појават стрии најчесто зависи од гените и од тоа колку вашата кожа е растеглива, односно колкаво количество на колаген и витамин Е содржи. За да ги победите стриите, потребно е да јадете што е можно повеќе храна богата со витамин К, Е и Ц. Истовремено, местата на кои веќе се појавиле стриите треба да ги премачкувате со препрати кои можете да си ги подготвите и дома. Ова се два сосема природни начини како да го решите овој естетски проблем.

Масло со камилица

Помешајте камилица со масло од лаванда и масло од јојоба. Со смесата секојдневно мачкајте ги местата на кои ви се појавиле стрии.

Масло со авокадо

Измешајте авокадо, лимон и маслиново масло. Два пати неделно со помош на газа, нанесувајте ја смесата врз местата на кои имате стрии и нежно тријте.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар