По што се разликуваат совесните и учтиви луѓе?

Една изрека вели:

„Обѕирноста и учтивоста ќе ве однесат многу подалеку во животот од кој било факултет или диплома.“

И тоа е точно. Совесноста спрема другите луѓе претставува највисока форма на љубезност и емпатија. Тоа е културно однесување, каде се грижите за доброто на останатите, без да очекувате нешто за возврат. Секако, потребни се труд и работа за ваквото размислување да се преточи во вистински дела. Доколку се прашувате како да го направите тоа, погледнете кои се особините што еден човек го прават обѕирен, совесен и учтив.

(0) po-shto-se-razlikuvaat-sovesnite-i-uchtivi-lugje-kafepauza.mk

Покажуваат емпатија

Емпатичното размислување е сосема поразлично од емпатичното дејствување. Обѕирните луѓе не само што можат да се стават во ситуацијата на другиот, туку и на светот гледаат целосно објективно и духовно свесно. Сомилоста ги води кон полесно поврзување со останатите и токму од таа несебичност црпат среќа и енергија.

Често се смеат

Насмевката има огромен удел врз тоа како другите ве доживуваат. Па, смејте се барем поради позитивниот ефект што тоа го има врз другите луѓе. На пример, застанете пред огледало и набљудувајте се какви сте кога сте насмеани, а какви кога сте намуртени. Разликата е огромна. Уште веднаш ќе сфатите колку сте поубави со насмевка.

Интуитивни се за потребите на другите

Кога размислувате и сте свесни за чувствата на другите, знаете дека дури и наједноставните прашања за тоа што прават и како се чувствуваат, ќе направат чуда за нивната самодоверба и расположение.

(1) po-shto-se-razlikuvaat-sovesnite-i-uchtivi-lugje-kafepauza.mk

На пример, кога влегувате во лифт на 10-на секунди, можни се две опции. Да се потрудите да оставите добар впечаток и да кажете „Како сте?“ или да продолжите да зјапате во мобилниот. Рака на срце, прашањето нема да ви го смени животот. Но, поставете го за да личноста спроти вас се почувствува вредна и ценета. И токму тука лежи обѕирноста. Не се работи за одговорот, туку за намерата!

Внимаваат на манирите

Манирите не почнуваат и завршуваат со „фала, молам, благодарам“. Тие означуваат севкупно почитување и признавање на туѓите чувства, пропратени со соодветно однесување. Или подобро кажано:

„Не правете им го на другите она што не сакате тие да ви го прават вам.“

(2) po-shto-se-razlikuvaat-sovesnite-i-uchtivi-lugje-kafepauza.mk

Затоа, трудете се да бидете точни, почитувајте туѓото време. Не бидете посесивни, почитувајте ја туѓата слобода. И секогаш активно слушајте што другите имаат да кажат, пред да го дадете својот суд. Мора да внимавате на сите кажани информации, да донесете логичен заклучок за вашиот став и дури потоа јавно да го кажете. Логиката изразувајте ја емпатично. Дури тогаш ќе бидете разумни, а сепак грижливи и обѕирни за туѓите чувства и потреби.

Понекогаш другите ги ставаат на прво место

Несебичноста на овие луѓе е меч со две острици. Додека грижата за туѓите потреби пред личните, напати ги исполнува, неретко токму на тој начин го губат допирот со себе и своите лични потреби. Затоа, балансот е неопходното решение. Инаку, би западнале во замката на постојано удоволување на другите, што ја намалува продуктивноста, па дури и идентитетот. Не грижете се, можете да останете обѕирни и истовремено да се научите да велите „не“. Токму тој баланс ќе ве направи разумни. Кажувањето „не“ во ситните ситуации, ќе ви даде сила тоа да го направите и во поважните. Треба да знаете кога да бидете совесни, а кога едноставно да бидете обѕирни спрема самите себе.

Трпеливи се

Трпението не е пасивна состојба. Напротив, понекогаш е многу тешко да се достигне, особено во моменти на стрес, раздразливост и непосакувани дразби од околината. Како и сè друго, и трпението се вежба. Само е потребна мотивација, свесност и труд.

(3) po-shto-se-razlikuvaat-sovesnite-i-uchtivi-lugje-kafepauza.mk

Во моменти кога вие сте учтиви спрема некого, а тие ве игнорираат, не треба попусто да ги губите нервите. Зошто таа ситуација да не ви биде мотив да создадете пример за културно однесување и учтивост? Вие самите да бидете позитивно влијание. Ако вака влијаете на околината, тогаш ќе бидете мотивирани за уште поголеми промени.

Знаат да се извинат кога ќе погрешат

Некои луѓе велат „извини“ од страв да не ги навредат другите. Други пак, воопшто не си ни извинуваат, однесувајќи се грубо и бесчувствително. Каде е златната средина?

(4) po-shto-se-razlikuvaat-sovesnite-i-uchtivi-lugje-kafepauza.mk

Вистинското „извини“ означува каење за нешто што сте го направиле. Обѕирноста значи извинување во оние моменти кога мислите дека сте погрешиле. Инаку, ако се извинувате само за да им удоволите на другите – веќе си наштетувате на себеси. Затоа, бидете свесни за своите грешки и извинувајте се само кога чувствувате дека навистина сте погрешиле.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар