По раскинување машките повеќе патат од женските

Машките многу потешко го поднесуваат раскинувањето отколку женските, а за тоа социолозите пронашле интересна причина. Тие сметаат дека клучот за оваа причина лежи во поддршката од пријателите по раскинувањето на врската.По раскинување машките повеќе патат од женскитеЖените веќе во дваесеттите години имаат добро развиена мрежа на пријателки кои се секогаш спремни да им одржат сеанса и да ги утешат, додека кај машките фали оваа цврста пријателска поддршка за ваквите теми. Во случај на некакви проблеми, мажите често се обраќаат кај својата партнерка за решение, а по прекинот на врската тоа е голем емоционален удар за кој немаат со кого да разговараат, а тоа им задава голем проблем врз нивната самодоверба.

Кога ќе дојде до прекин, машките се чувствуваат многу повеќе изолирано, вели истражувачката Мелани Бартли. Пријателите на машкото нема да му пружат ни приближно доволно поддршка, како пријателките на девојката, бидејќи машките се најчесто натпреварувачки настроени. Но и машките се ранливи, исто како и жените кога станува збор за чувствата по прекинот на врската.

Бартли објаснува дека во текот на врската жената многу повеќе се дефинира, додека мажите почесто се определуваат за успех во работата. Но, денешните млади генерации, поради неможноста да пронајдат сигурна работа, сè повеќе се посветуваат на емоционалниот дел од животот.

Едно истражување направено на „University College“ во Лондон, спроведено на над 1.000 парови открило дека машките се под поголем стрес кога врската е нефункционална, но многу повеќе уживаат доколку љубовта им цвета.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар