Писмо од 83-годишна старица полно со животни лекции од кои сте можеме да научиме нешто

Животот е трка за некои луѓе: Трка за да се добие унапредување на работа, да се има совршено тело, да се биде присутен на сите настани… Во оваа брза животна потрага по среќата немаме ни една минута да застанеме, да погледнеме околу себе и да си кажеме „Животот е толку прекрасен!“ Понекогаш, ова чувство на хармонија воопшто не се појавува, а понекогаш се појавува премногу доцна, како на пример, тогаш кога ќе наполните 83 години.

Писмо од 83-годишна старица полно со животни лекции од кои сте можеме да научиме нешто

Токму тоа ѝ се случило на една 83-годишна старица која решила да напише писмо до нејзината пријателка. Многу е важно да ја разберете смислата на нејзините зборови што е можно побрзо, пред да стане предоцна. Можете дури и да си ја препишете последната реченица од писмото и да ја ставите на некое место во домот каде што ќе ја гледате секој ден. Прочитајте го ова искрено писмо полно со животни лекции од кои сите можеме да научиме нешто…

Писмо од 83-годишна старица полно со животни лекции од кои сте можеме да научиме нешто

Драга Берта,

Повеќе читам, а помалку бришам прашина. Седам во градината и се восхитувам на погледот без да се нервирам за плевелот во дворот. Поминувам повеќе време со семејството и пријателите, а помалку време трошам на работење.

Секогаш кога е возможно, треба да ги почувствуваме доживувањата во животот, а не да ги издржуваме. Се обидувам да ги препознам тие моменти и да ги ценам.

Не „чувам“ ништо. Го користиме скапиот прибор за јадење од кристал за секој посебен настан, како што е губењето вишок килограми, одзатнувањето на лавабото или цутењето на првиот цвет во градината.

Го носам моето убаво сако кога одам во продавница. Мојата теорија е дека ако изгледам успешно, ќе можам потрошам 29 долари на мала кеса производи.

Не го чувам убавиот парфем за посебни забави, туку го носам за работниците од продавницата за алати и за вработените во банка.

„Некогаш“ и „деновиве“ полека исчезнуваат од мојот речник. Ако нешто вреди да се види, чуе или направи, тогаш сакам да го видам, чујам или направам сега.

Писмо од 83-годишна старица полно со животни лекции од кои сте можеме да научиме нешто

Не сум сигурна што би направиле другите луѓе кога би знаеле дека нема да го дочекаат утрото што сите го земаме здраво за готово. Мислам дека би им се јавиле на членовите од семејството и на блиските пријатели. Можеби би им се јавиле и на поранешните пријатели за да им се извинат и да ги поправат грешките од караниците во минатото. Можеби би отишле во кинески ресторан на вечера или која и да е нивната омилена храна. Претпоставувам дека никогаш нема да дознам.

Кога би знаела дека часовите ми се одброени, би била лута поради тоа што сум оставила толку многу мали работи недовршени. Би била лута поради тоа што не сум ги напишала оние писма кои сум планирала да ги напишам некогаш. Би била лута и би се каела поради тоа што не сум му кажувала на сопругот и родителите доволно често колку многу ги сакам.

Многу се трудам да не ги одложувам, потиснувам и чувам работите кои би ми го исполниле животот со смеа и радост. Секое утро кога отворам очи, си велам дека тоа е посебно. Секој ден, секоја минута, секој здив се дарови од Бог.

Можеби нашиот живот не звучи како онаа песна што сме ја сакале. Но, додека сме тука, ништо не нѐ спречува да танцуваме.

Писмо од 83-годишна старица полно со животни лекции од кои сте можеме да научиме нешто

Дали и вие постојано брзате во животот? Не заборавајте да обрнете внимание на работите што се случуваат околу вас. Бидете присутни во секој момент. Применете ги драгоцените совети од ова писмо и никогаш нема да жалите поради работите што сте ги пропуштиле или сте ги оставиле недовршени.

Прочитајте го и ова отворено писмо од една девојка до личноста што таа била во минатото.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар