Пијте ја оваа напивка 4 дена и изгубете 10 сантиметри од обемот на вашиот струк

Со доаѓањето на сончевите денови, поголемиот број од жените размислуваат како можат брзо да се ослободат од вишокот килограми со цел да изгледаат одлично на плажа, во бикини, кратки здолништа и шорцеви. Доколку и вие сте едни од нив, тогаш пробајте ја оваа диетална напивка која ја препорачува нутриционистката Синтија Сас. Со нејзина помош вие ќе изгубите и до 10 сантиметри кај вашиот струк, што е пропорционално на губење 3 килограми за само 4 дена.

Пијте ја оваа напивка 4 дена и изгубете 10 сантиметри од обемот на вашиот струк

Со цел овој план да ви успее, неопходно е во текот на 4-те дена во кои ќе ја консумирате да избегнувате слатки, грицки, масна и калорична исхрана и да се фокусирате на здравата храна.

Потребни состојки:
  • 2 литри вода
  • 1 краставица
  • 1 лимон
  • 1 лажица ѓумбир во прав
  • 12 листови нане
Начин на подготовка и употреба:

Добро измијте го лимонот и без да го олупите исечкајте го на кругови и додадете го во водата. Краставицата излупете ја, исто така исечкајте ја на кругови и додајте на водата. За крај ставете ги и листовите од нане како и ѓумбирот. Добро измешајте, затворете го садот и оставете го во фрижидер цела ноќ.

Откако ќе се разбудите почнете да ја пиете оваа моќна течност. Испијте ја целата, а вечерта направете нова за следниот ден. Со цел да видите резултати, потребно е да ја пиете оваа напивка 4 дена без да пиете ништо друго во меѓувреме. По 4 дена вам толку многу ќе ви се заслади што веќе никогаш нема да сакате да пиете ништо друго.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар