Петте нешта кои најчесто ги сонуваме

Петте нешта кои најчесто ги сонуваме

1. Летање, пливање или весело танцување

Опис: Повеќето од вас најверојатно сте искусиле како летате во сон и се чувствувате слободно. Летањето може да се појави како резултат на вашето успешно справување со некоја непријатна ситуација во сонот. Како алтернативна верзија на овој симбол, може да се случи да сонувате како безгрижно пливате во вода или релаксирано танцувате.Петте нешта кои најчесто ги сонуваме Значење: Овој сон, најчесто е одраз на вашата среќа, емотивна исполнетост, самоувереност и моќ. Верувате дека вашите можности за успех во некоја работа се неограничени и дека секаква евентуална препрека можете да ја надминете. Летање в сон исто така може да означува силна желба или стремеж кон некој или нешто. Пливањето може да означува дека ја запознавате длабочината на вашиот ум, а танцот ја искажува вашата сексапилност и задоволство од изгледот на сопственото тело.
.

2. Тотално голи или несоодветно облечени во јавност

Опис: Сигурно вам или на некој ваш близок му се случило да искуси вакво срамно чувство на сон. Вие сте голи или полуголи и многу очи се вперени токму во вас. Алтернативна верзија на овој сон е да сте несоодветно облечени за пригодата, како на пример да носите пижами на работа. Чувствата кои се јавуваат како разлутат на ваквиот сон, се срам, индиферентност, а во некои случаи гордост и слобода.Петте нешта кои најчесто ги сонувамеЗначење: Ако сонувате ваков сон, тоа најверојатно значи дека во реалниот живот се чувствувате ранливо, несигурно, ви е непријатно во сопствената кожа или сметате дека некому сте му откриле премногу детали за себе. Пореткото значење на овој сон е дека во реалниот живот се чувствувате слободни и неоптоварени. Често, ваквите соништа се појавуваат кај оние кои во будниот живот се вклучени во свадбена прослава.
.

3. Паѓање од височина или давење во вода

Опис: Во овој сон, вие паѓате надолу од височина и сте преплашени. Друга варијанта би била да сонувате како тонете во вода, при што постои голема опасност да се удавите.Петте нешта кои најчесто ги сонувамеЗначење: Овој сон ја изразува вашата несигурност или сметате дека не добивате поддршка од некоја личност во вашиот живот. Давењето пак најчесто го сонуваат оние кои се презафатени со некоја работа и се подготвени да се откажат од истата.
.

4. Бегање од некој или нешто

Опис: Во ваквиот сон вие брзо трчате, бегајќи од некоја страшна особа, диво животно или чудовиште, кое се обидува да ве фати, повреди или убие.Петте нешта кои најчесто ги сонувамеЗначење: Ако сонувате како бегате од некој или нешто, тоа најверојатно значи дека во реалниот живот се чувствувате загрозени од некоја личност или дека ве мачи некое ваше чувство. Чувствувате страв и опасност, а во некои случаи овој сон може да биде и рефлексија на некој реален настан од животот.
.

5. Паѓање заби

Опис: Често се случува да сонуваме како ни паѓа заб, или пак гледаме како на некој друг тоа му се случува. Чувството е многу непријатно и застрашувачко. Како алтернативна верзија на овој симбол, би биле соништа во кои гледаме блескави или расипани заби или пак, четкање на заби.Петте нешта кои најчесто ги сонувамеЗначење: Ако во сонот вие сте тие на кои им недостасува заб, значи дека нема да успеете да си ги остварите зацртаните цели и да ги задоволите вашите интереси, како резултат на некои лоши вести или болест. Ако на некој друг во сонот му паднале заби, значи дека некои ваши противници сакаат да ви го извалкаат името, но обидот ќе им биде безуспешен.

Ако сонувате дека ви се расипал заб, значи дека ќе доживеете неуспех во штотуку започната работа или ќе имате проблеми со здравјето.

Ако ги четкате забите значи дека сакате да се заштитите и одбраните од потенцијални опасности. Блескавата насмевка од друга страна, означува среќа и исполнување на вашите желби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. aa Reply

    definitivno najcestite 5 neshta koi gi sonuvame 🙂

Напиши одговор на aa Откажи одговор