Пет причини зошто да вежбате со хулахоп

Омилената детска играчка од педесеттите години на минатиот век, хулахопот, денеска сè повеќе се користи како дел од опремата за вежбање на секој возрасен човек. Иако на прв поглед делува како детска игра, вежбањето со хулахоп е физичка активност која носи многу здравствени придобивки, а погодно е за сите возрасти. Со вежбањето со хулахоп се активираат 30 мускули, се подобрува рамнотежата, подвижноста и флексибилноста. Ова се петте главни придобивки од вртењето хулахоп.

Пет причини зошто да вежбате со хулахоп

Согорување калории

Пола час вежбање со хулахоп има ист ефект како 30-минутно трчање. Оваа активност е идеална за слабеење, бидејќи калориите се топат исто како во степ-аеробик, кик-бокс или на лента за трчање.

Обликување на телото

Хулахопот ги зајакнува мускулите и ги обликува бутовите, задникот, стомакот, бедрата, нозете и колената, а дополнително обрачот можете да го вртите и околу рамената за да го вежбате торзото, рацете и вратот.

Подобрување на флексибилноста

Оваа активност бара движење и извртување на ‘рбетниот столб со што се зголемува неговата флексибилност и помага во превенцијата од повреди на грбот. Сепак, за луѓето кои имаат проблеми со грбот се препорачува прво да се посоветуваат со лекар за овие типови вежби.

Го подобрува расположението

Освен што е здрава, оваа физичка активност не здосадува и ќе немате проблем редовно да ја практикувате, бидејќи исто како и танцувањето и таа го подобрува расположението.

Колку е потежок обрачот толку повеќе здравствени придобивки

Иако обичниот хулахоп носи многу здравствени придобивки, многу побрзо ќе видите резултати доколку користите тежок обрач. Вртењето на потежок обрач носи исти резултати како и дигањето тегови. Потешкиот хулахоп е полесен за вртење и со него ќе можете да вежбате подолго време и со тоа да ги зајакнувате мускулите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар