Пет прехранбени продукти за добар тен

Сите знаеме колку правилната исхрана влијае на метаболизмот и на тежината, но малку луѓе знаат дека некои прехранбени продукти можат да придонесат за поубав и поблескав тен. Еве пет прехранбени продукти кои можат да го подобрат изгледот на вашиот тен.Пет прехранбени продукти за добар тен

Компири

Доколку внесете повеќе компири во вашата исхрана, кожата ќе ви биде свиленкаста. Компирите содржат бета-каротин, кој се претвора во витамин А. Витаминот А, според тврдењето на дерматологот Lisa Дрехер, помага кожата да остане нежна. Доколку компирите не се вашето омилено јадење, со морковите можете да го постигнете истиот ефект.Пет прехранбени продукти за добар тен

Киви

Витаминот Ц го стимулира создавањето колаген, кој е важна состојка за спречување на појава на брчки. Продукти кои содржат најмногу витамин Ц се кивите, портокалот и цитронот. Според една студија објавена во магазинот „Clinical Nutrition“, жените кои секојдневно консумирале витамин Ц, имале многу помалку брчки од оние кои го користеле во мали количини.Пет прехранбени продукти за добар тен .

Црно чоколадо

Фактот дека црното чоколадо е добро за тенот ќе ги израдува оние кои го обожаваат. Дерматологот Дрехер тврди дека доколку консумирате умерени количини црно чоколадо кое содржи многу какaо, ќе обезбедите оптимално ниво на флаванол, супстанца која влијае на хидрирање на кожата.Пет прехранбени продукти за добар тен .

Јогурт

Според нутриционистот Пола Симпсон, јогуртот е добар и за тенот и за ноктите. Во него има многу протеини и калциум, кои го стимулираат метаболизмот, помагаат во одржувањето на линијата, но го поттикнуваат и растот на ноктите.Пет прехранбени продукти за добар тен .

Јаткасти плодови

Бадемите, лешниците, сончогледот и семките, се секако подобар избор за ужина од чипс и смоки. Сончогледот е најдобар избор бидејќи содржи нутритиенти и витамин Е, кои го спречуваат прераното стареење на кожата.Пет прехранбени продукти за добар тен

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар