Печени полнети компири со фил од пица

Две од вашите омилени јадења во едно…Печени полнети компири со фил од пица Потребни состојки:

  • 4 средни печени компири
  • 2 лажици путер
  • прстофат сол и бибер
  • 16 парчиња тенко исечен кулен (или друг вид сувомесен производ)
  • 250 г рендана моцарела
  • 250 мл доматно пире
  • 1 лажичка италијански микс од зачини (бибер, нане, оригано, лук, босилек, сушен кромид, сушен магданос, семе од целер)

Начин на подготовка:

1. Компирите испечете ги со лушпата и оставете ги да се оладат.

2. Откако ќе се подоладат, пресечете ги на половина по должина и издлабете им ја средината. Средината искористете ја за некое друго јадење.

3. Растопете го путерот и со четка намачкајте ги компирите од сите страни. Потоа ставете им сол и бибер по вкус и попечете ги на скара или на плотна, за да станат крцкави. Убаво испечете ги од двете страни и внимавајте да не ви изгорат премногу.

4. Откако ќе ги тргнете од скарата, наполнете ги со моцарела и одозгора ставете 2 парчиња кулен. Ставете малку и од мешаниот зачин.

5. Потоа вратете ги компирите повторно на скара, но овој пат многу пократко, само да се растопи моцарелата.

6. Послужете ги со доматно пире.Печени полнети компири со фил од пица


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Весна Пирузева Петровска Reply

    Убави,убави печени компири со тоа што ако би сакале да ги направиме малку по здрави би го тргнале куленот а како надополнување заедно со компирите би сервирале и една шарена нутритивно балансирачка салата.Таа салата би допринела да се активираат ензимите во желудникот кои се одговорни за соодветно и благовремено варење на храната.Тоа пак од своја страна значи правилно активирање на вашиот метаболизам,не создавање на масни наслаги и депонии туку претворање на храната во толку потребната енергија за функционирање на вашиот организам.Ако е ова нешто ново за вас пробајте ,за добро здравје вреди да се проба.
    САЛАТА ОД ЦЕЛЕР И МОРКОВ СО
    ПРЕЛИВ ОД СВЕЖО СИРЕЊЕ
    ЗА 4 чинии-500гр целер
    1/2главичка зелена листеста салата
    2 моркови
    1 главичка кромид
    100гр.изварок или дробено ниско маслено сирење
    50мл. свежо исцеден сок од портокал
    2супени лажици маслиново масло
    1 супена лажица јаболков оцет
    1 супена лажица сок од лимон
    сол
    60 гр.ореви
    Најпрво целерот измијте го и исчистите го а потоа изрендајте го или исечете го на тенки тркалца.Листовите од зелената салата измијте ги и исцедете ги.
    Морковот се мие се лупи и крупно се ренда.Портокалот се лупи ,парчињата се одвојуваат едно од друго и се сечат на половинки.
    Кромидот се лупи и се сечка на коцкички и потоа во еден по длабок сад се ставаат целерот,морковот портокалот и заедно со кромидот убаво се мешаат.
    Сирењето или изварокот се става во чинија и заедно со сокот од портокалот се промешува со вилушка.Се додава маслото,оцетот,сокот од лимон,солта и биберот и добро се меша.Добиениот прелив се излева над зеленчукот и портокалот и се остава кратко време сите вкусови да се соединат.
    За подобро варење убаво е целерот малку да се обари или на пареа да се вари 5-10минути ,а потоа изладен да се сече на тенки кругови.
    ДОБАР АПЕТИТ
    Со љубов
    Весна Пирузева Петровска

Остави коментар