Печени компири полнети со јајце на око и пармезан

Одлични за појадок, но сосема соодветни и за брз викенд ручек

pecheni-kompiri-polneti-so-jajce-na-oko-i-parmezan-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 2 поголеми компири
  • Малку путер
  • 4 јајца
  • 400 г пармезан (или друг вид сирење/кашкавал по избор)
  • 200 г пушено месо (опционално)
  • Кромид или власец (опционално, може и друг зеленчук)
  • Сол и бибер
Начин на подготовка:

Најпрво испечете ги компирите во рерна. Пресечете ги на половина и оставете ги малку да се оладат. Издлабете ја внатрешноста на секоја половина за да креирате длабок сад со тенки ѕидови од компир. Ставете малку рендан пармезан и стопен путер во секоја половина. Додадете од пушеното месо и потоа ставете по едно јајце во секој сад. Посолете, ставете бибер, додадете уште малку од пармезанот и насецкајте малку младо кромитче или власец врз секое парче. Печете во тавче обложено со хартија во загреана рерна додека не бидат готови јајцата, а сирењето сосема растопено (околу 20 минути).

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар