Печени јаболка

Печените јаболка се совршен десерт кога времето е ладно. Јаболката ги има во изобилство во овој период од годината, па затоа рецептов ќе ви биде добредојден во секое време. Брзи, меки и неверојатно вкусни, не смеете, а да не ги пробате овие печени јаболка полнети со ореви и суво грозје.

Печени јаболка

Потребно е:
  • 4 јаболка
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажици мелени ореви
  • 1 лажица суво грозје
  • малку рум
  • сок од еден лимон и лимонова кора
  • путер
  • јаворов сируп
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Измијте ги јаболката, излупете ги и исчистете им ја внатрешноста од семки.

Печени јаболка

Во мал сад, измешајте ги шеќерот, циметот, лимоновиот сок, лимоновата кора,  мелените ореви и сувото грозје, претходно потопено во рум (исцедено од румот). Со оваа смеса наполнете ја внатрешноста на јаболката.

Печени јаболка

Полијте ги јаболката со малку јаворов сируп и на секое јаболко од горе ставете една мала коцка путер. Во тавче за печење, ставете зовриена вода и внимателно ставете ги јаболката, колку да ги покрие до половина.

Печени јаболка

Печете околу 30 минути сè додека јаболката не станат меки. Сервирајте со изматен шлаг.

Печени јаболка

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    tie na slikata ne se orevi tuku Pecan :)

Остави коментар