Парчиња облека со две лица

Навистина нема ништо позаморно од влечење торби со сè и сешто за само едно преспивање или краток викенд. Да бидеме искрени, колку и да сакаме да скратиме од изборот секогаш завршуваме со куп парчиња облека. Уште полошо ако преспивањето не ни било планирано, па се случи малку незгодна ситуација кога мора да се оди на работа со истата облека од претходната вечер.

За среќа постои доста инвентивен начин да се избегнат непријатните погледи со помош на неколку парчиња облека со две лица. Доста практично, некои од нив имаат една поформална страна која слободно можете да ја носите при вашите секојдневни активности без да се чувствувате непријатно. А останатите се едноставно забавни и ви овозможуваат разни комбинации, истовремено олеснувајќи го вашиот багаж.Парчиња облека со две лицаПарчиња облека со две лицаПарчиња облека со две лицаПарчиња облека со две лицаПарчиња облека со две лицаПарчиња облека со две лицаПарчиња облека со две лицаПарчиња облека со две лица


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар