Панирани стапчиња од моцарела

Топло предјадење за поголемо уживање во оброкот

Панирани стапчиња од моцарела

Потребни состојки:
  • 400 г моцарела
  • 2 јајца
  • 120 г лебни трошки
  • масло за готвење
Начин на подготовка:

Моцарелата исечете ја на стапчиња. Лебните трошки сипете ги во чинија, а во друга изматете ги јајцата. Стапчињата од моцарела намачкајте ги во матените јајца, па во лебните трошки. Постапката повторете ја уште еднаш.

Пржете ги од сите страни додека не добиете златно-жолта боја и оставете ги да се исцедат на хартиена крпа. Послужете ги додека се топли.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар