Паметно барање работа

Има разлика помеѓу оние кои бараат работа и оние кои бараат вработување. Навидум, и двете се сведуваат на истото, но според тоа како ќе се поставите, може да значи дека ќе ја добиете работата или ќе ја изгубите шансата да бидете вработени. Прочитајте што подразбира паметното барање работа:
.

1. Потенцијалната работа е насекаде

Паметно барање работаПаметното барање работа подразбира да немате срам кажувајќи им на вашите пријатели, членови во вежбалната, родителите на вашите пријатели, дека немате работа и дека постојано барате. Ако молчите и не зборувате многу, никогаш нема да дознаете дека мајката на пријателот на вашиот пријател има стоматолошка ординација или е правник.
.

2. Бидете отворени

Паметно барање работаАко гледајќи огласи за работа во весник или на интернет порталите, прочитате за некоја компанија, фирма која не ви е позната, не ја одбивајте веднаш. Побарајте на ја интернет или распрашајте се наоколу за неа. Можеби е нова или не многу позната.
.

3. Потрудете се околу мотивационото писмо и си-ви-то

Паметно барање работаПотрошеното време за подготвување на јасно прецизно и концизно си-ви и убаво напишано мотивационо писмо, зборува многу за вас. Обидете се да го напишете без ниедна грешка, јасно и разбирливо. Многу е важно да видите дали во делот „вештини“ од си-ви-то, се напишани потребните вештини кои ви се потребни за работното место за кое аплицирате.
.

4. Однесувајте се и изгледајте како професионалци

Паметно барање работаОва е многу јасен и ефективен совет: пристигнете на време за интервјуто, облечете се соодветно, слушајте и зборувајте, покажете самодоверба во начинот на размислување и во однесувањето.
.

5. Дајте до знаење дека ја сакате токму таа работна позиција

За време на интервјуто за работа, покажете дека сте најдобриот кандидат за работата.
.

6. Не избрзувајте!

Колку и живо да ве интересира унапредувањето, покачувањето на платата и слободните денови, паметниот кандидат никогаш не избрзува и не ги поставува овие прашања за време на првото интервју за работа. Тоа дава неубав впечаток за вас, бидејќи тоа се работи кои работодавецот треба да ви ги каже.
.

7. Слушнете, прашајте и заблагодарете се

Слушањето и прашувањето се работи кои никако не смеете да ги заборавите додека сте на интервју. Заблагодарете се за одвоеното време и покажете дека сте возбудени за работата. Запомнете го името на оној кој ве интервјуирал. На тој начин ќе оставите одличен впечаток.

За авторот

Поврзани содржини

  1. daw231 Reply

    zenava najdole nema bas “profesionalen” slic na suknjata :)))

Остави коментар