Овошни цигари

Попладневни грицки и интересни, брзи и лесни суканици

Овошни цигари

Потребно е:
  • 450 г јагоди, исечкани на мали парчиња
  • 60 мл вода
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица масло
  • 60 г шеќер
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 60 степени Целзиусови. Исечкајте ги јагодите и заедно со водата и лимоновиот сок ставете ги во тенџере да се варат неколку минути, покриени, на средна температура.

Овошни цигариОвошни цигари

Кога ќе бидат меки, тргнете ги од оган, ставете го шеќерот и претурете сè во блендер. Мешајте убаво додека да се измикса целата смеса. Пробајте од смесата и ако треба додадете уште шеќер.

Овошни цигари

Во тава ставете хартија за печење и намачкајте ја со малку масло. Претурете ја смесата врз хартијата и со лажица убаво распоредете ја за да биде тенка и во еден рамномерен слој. Печете околу 12-15 часа, при што некаде на половина печење, смесата треба да се преврти на нова намасленета хартија во тавата. Ако смесата почне да се суши во текот на печењето, намачкајте ја со вода. Доколку немате 15 последователни часови на располагање за печење, можете привремено да ја сушите смесата покрај прозорец изложен на сонце.

Овошни цигари

Готовата смеса оставете ја да се олади. Од неа исечете долгнавести ленти и потоа завиткајте ги како цигари.

Овошни цигари

По желба, истиов рецепт можете да го примените за да направите овошни цигари од друг плод.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Angelce Reply

    Nikoas ne bi probala cigari pa makar bile i od cokolado -.-

  2. milicka1 Reply

    HAHAHA :) cigari se nareceni zatoa sto licat taka,i se premnogu vkusni.a ne zatoa sto se cigari.. :) inaku super ideja samo da se ima vreme

  3. vlatko Reply

    kako toa 15 casa so e so vas konkretno navedete vreme i temperatura za pecenje ??

    • Кафе пауза Reply

      Влатко не се вознемирувај, се си пишува:

      Подготовка: Загрејте ја рерната на 60 степени Целзиусови.

      Печете околу 12-15 часа, при што некаде на половина печење, смесата треба да се преврти на нова намасленета хартија во тавата. Ако смесата почне да се суши во текот на печењето, намачкајте ја со вода. Доколку немате 15 последователни часови на располагање за печење, можете привремено да ја сушите смесата покрај прозорец изложен на сонце.

Остави коментар