Овошја што треба да ги јадете оваа пролет за да си го подобрите менталното здравје

Овошја што треба да ги јадете оваа пролет за да си го подобрите менталното здравје

Ако се чувствувате лошо, болежливо или едноставно како да немате енергија, науката вели дека треба да се исхранувате поздраво. Со здравата исхрана можете дури и да спречите голем број ментални нарушувања, вклучувајќи ја анксиозноста и депресијата. Не мора секогаш да бидеме под контрола на начинот на кој се чувствуваме, но јадењето овошја и зеленчуци навистина може да помогне. Обидете се да ги внесете овие 5 овошја во вашата редовна пролетна исхрана и ќе забележите дека имунитетот ви се подобрува, а расположението ви се покачува!

1. Домати

(1) ovoshja-shto-treba-da-gi-jadete-ovaa-prolet-za-da-si-go-podobrite-mentalnoto-zdravje-www.kafepauza.mk

Според научните студии, исхраната богата со домати може да ги намали или спречи симптомите за депресија. Црвениот пигмент што се наоѓа во доматите, наречен ликопен, е моќен антиоксиданс што игра огромна хемиска улога во подобрување на вашето расположение. Едноставно додајте неколку домати во вашата салата или вметнете ги во тестенините преку квалитетен доматен сос.

2. Розов грејпфрут

(2) ovoshja-shto-treba-da-gi-jadete-ovaa-prolet-za-da-si-go-podobrite-mentalnoto-zdravje-www.kafepauza.mk

Овој вкусно цитурсно овошје е познато по својата помош на телото да ја надмине депресијата, а ги содржи истите црвени пигменти што можат да се најдат и во доматите. Обидете се да јадете грејпфрут за појадок така што ќе го испрскате со малку шеќер доколку ви треба заблажување. Или пак, направете си домашен овошен јогурт, така што ќе исечкате мали парчиња и ќе ги додадете во јогурт заедно со мед.

3. Лубеница

(3) ovoshja-shto-treba-da-gi-jadete-ovaa-prolet-za-da-si-go-podobrite-mentalnoto-zdravje-www.kafepauza.mk

Не само што лубеницата е одличен начин за гасење жед за време на пролетните и летните месеци, таа исто така може да ви помогне да го намалите ризикот од депресија. Лубениците изобилуваат со најдобрите антиоксиданси, а содржат повеќе ликопен дури и од доматите – околу 20 милиграми во една чинија. Ликопенот во лубениците го намалува ризикот од воспаление поврзано со деменцијата и депресијата. Најдобриот начин да ја консумирате е во вид на закуска или пак, додајте ја во водата како освежителен вкус.

4. Гуава

(4) ovoshja-shto-treba-da-gi-jadete-ovaa-prolet-za-da-si-go-podobrite-mentalnoto-zdravje-www.kafepauza.mk

Гуавата е слатка и полна со витамин Ц, калциум, фосфор и хранливи влакна. Ова тропско овошје исто така содржи ликопен што ќе го подобри вашето расположение на најзадоволителниот начин. За здрав почеток на утрото, направете смуди од гуава и јогурт.

5. Папаја

(5) ovoshja-shto-treba-da-gi-jadete-ovaa-prolet-za-da-si-go-podobrite-mentalnoto-zdravje-www.kafepauza.mko

Папајата е богата со антиоксиданси и други хранливи материи како каротени, флавноиди, витамини Ц и Б… Исто така изобилува и со фолна киселина, што е поврзана со намалување на симптомите на депресија. Обидете се да јадете една чинија папаја како замена за утринската или попладневната закуска или додајте ја во свежата салата за дополнителна хранлива вредност.

Уживајте во и јагодите: 9 причини зошто ова овошје е одлично за вашето здравје!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар