Овесни каши, мусли, кекс: Што е навистина здраво, а што штетно?

Овесни каши, мусли, кекс: Што е навистина здраво, а што штетно?

Во продолжение следуваат мислењата и советите на блогерката за храна, Милјана Вујошевиќ, која на својот веб-сајт, „Moj Ritual“, се занимава со подготовка на здрави рецепти. Нејзините рецепти вклучуваат здрави мафини со боровинки, домашен хумус и палачинки од леќа кои можете да ги припремите лесно и едноставно дома, а многу од нив се практични за да ги понесете и на работа. Еве што вели таа за оваа тема.

1-ovesni-kashi-musli-keks-shto-e-navistina-zdravo-a-shto-shtetno-www.kafepauza.mk_

1. Купени мусли – НЕЗДРАВО!

Купените мусли и генерално корнфлексот или снегулките се најголемата замка кога е во прашање здравиот појадок. Поголемиот дел од овие производи содржат големи количини шеќер, па така муслите од некои произведувачи може да содржат дури и до 25 грама шеќер по порција, што е веќе максималната дневна препорачана доза според Светската здравствена организација. Заедно со тоа, индустриско преработените производи содржат и многу адитиви, индустриски средства, овошни сирупи… Сè зависи од производителот и денес со малку истражување можеме да пронајдеме навистина квалитетни производи. Најважно е да ја читате декларацијата и списокот на состојки.

Најдобра и највкусна комбинација е да ги направите вашите мусли дома и тоа од природни и чисти состојки. Вака подготвениот здрав појадок можете да го понесете и на работното место. Муслите се супер лесни за одржување, па можете да ги чувате во тегла или сад со херметички капак и до неколку недели во фиоката на вашата работна маса.

2. Купена овесна каша – НЕЗДРАВО!

Слична е ситуацијата и со поголемиот дел купени овесни каши. Доста големата концентрација шеќер во многу мала порција, обезбедува само празни калории наместо нутритивно вредни и квалитетни состојки кои инаку се наоѓаат во овесната каша која е подготвена дома. Свежото овошје го заменуваат со овошни ароми, бројот на калории е низок по порција, но веќе знаеме дека бројот на калории не е основно мерило и дека недоволниот број калории значи дефицит на сите потребни хранливи состојки кои ќе нè разбудат, ќе ни дадат енергија, концентрација и фокус за работа.

Домашната овесна каша не е баш погодна за носење на работното место, но комбинацијата на нејзиното „подготвување преку ноќ“ е совршена за забрзаните утра каде што имате 3 минути за појадок. Навечер пред спиење направете база која преку ноќ ќе отстои во вода или млеко, а наутро ќе имате готов појадок на кој треба да му додадете само малку свежо овошје, јаткасти плодови, семки и спремни сте за добар почеток на денот!

3. Грчки јогурт – ВНИМАТЕЛНО!

Вистинскиот чист грчки јогурт е еден од поквалитетните млечни преработки, меѓутоа на пазарот кај нас ретко може да се пронајде. На разните производи им се додава натписот „грчки“ иако не се подготвени по тој рецепт. Па така, кај нас најчесто се наоѓаат „грчки типови јогурт“, повторно со додаден шеќер и адитиви за густина и вкус. Квалитетниот производ, кој е подготвен на грчки начин, би требало да содржи дупло повеќе протеини од обичниот јогурт, повеќе влакна и помалку лактоза – што е супер комбинација.

Кога ќе имате прилика да купите вистински грчки јогурт, ви предлагам да купите повеќе шишиња. Доколку сте поголем љубител на овошниот јогурт, повторно избегнувајте ги оние куповните, и самите изберете чист грчки јогурт и додајте мед и свежо овошје.

2-ovesni-kashi-musli-keks-shto-e-navistina-zdravo-a-shto-shtetno-www.kafepauza.mk_

4. Домашен интегрален кекс – ЗДРАВО!

Домашниот овесен кекс, направен од овесни снегулки (поквалитетна опција) или од овесно брашно е супер лесна и квалитетна попладневна ужина. Ако претпоставиме дека сте користеле мед, банани или суво овошје за да ги засладите овие вкусни колачи, тогаш вака направениот кекс е одлична основа која можете да ја консумирате со чај и свежо овошје и на тој начин да ја збогатите хранливата вредност на овој десерт. Овесниот кекс сам по себе не ги содржи сите потребни хранливи состојки кои еден оброк треба да ги има, но сепак неговите калории ќе послужат да се задоволат некои ваши потреби. Затоа попладневната ужина е најдоброто време за нив.

5. Суво овошје во нормални количини – ЗДРАВО!

Сувото овошје настанува со сушење на свежото овошје, со што се ослободува целата вода од овошјето. На овој начин добиваме една доста богата ужина со голема концентрација на хранлива вредност. Една порција, која е отприлика 30 грама, може да содржи дупло повеќе влакна, витамини и минерали отколку свежото овошје. Оваа ужина многу брзо ја враќа енергијата, помага кога сме поспани, има низа придобивки, особено ако се во прашање сувите сливи или урми, кои помагаат за подобро варење и контролиран крвен притисок. Со оглед на тоа дека се лесни за чување, тие се одлична замена за брзата ужина или за додаток на појадокот кои ќе ја надополнат хранливата вредност, нивото на влакната, витамините и минералите во оброците. Потребно е да бидеме внимателни со количините, бидејќи во процесот на сушење хранливата вредност не се губи, па помалата количина суво овошје содржи еднаков број калории како и свежото овошје. Исто така, важно е да водите сметка да купувате суво овошје без шеќер, познато како кандирано овошје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар