Ова е единствената вежба која треба да ја правите за да имате одлични стомачни мускули

Ако сакате да носите кратки или тесни маици во овие летни денови, но не сте задоволни како изгледа вашиот стомак, почнете да ја правите оваа вежба која ќе ви помогне значително да ги подобрите стомачните мускули.

1.ova-e-edinstvenata-vezhba-koja-treba-da-ja-pravite-za-da-imate-odlichni-stomachni-muskuli-kafepauza.mk

Мери Винсор е инструкторка по пилатес и основачка на студиото „Винсор пилатес“, која има легија од фанови, и високоефективни вежби за обликување на телото. Тоа го докажува и фактот дека Мери е заслужна за трансформацијата на телото на познатата пејачка Мајли Сајрус, со која активно соработува веќе неколку години. За среќа, таа споделува со нас една моќна вежба за обликување на стомачните мускули, наречена „Вкрстени нозе“ (Criss-Cross).

„Вежбата ‘Вкрстени нозе’ е одлична затоа што се вклучени сите абдоминални мускули, особено вашите дијагонални мускули“ – објаснува Мери.

Дијагонални мускули се мускулите кои ја обликуваат вашата половина, што значи дека тие се клучна цел кога се обидувате да се ослободите од вишокот околу стомакот. Мора да знаете дека ако ги правите овие специјални вежби без да држите диета, нема го постигнете резултатот кој го посакувате.

„Осигурете се дека ја извртувате половината, а не само рамената, a за да го зголемите истегнувањето на вратот, обидете се да гледате во вашиот лакт соодветно на страната на која се извртувате“ – објаснува Мери.

Погледнете ги и следете ги нејзините инструкции чекор по чекор:

2.ova-e-edinstvenata-vezhba-koja-treba-da-ja-pravite-za-da-imate-odlichni-stomachni-muskuli-kafepauza.mk

1. Легнете рамно на грбот така што целиот ‘рбет ќе ви биде на простирката. Лежете така за момент за убаво да го исправите ‘рбетот и да го релаксирате вратот.

2. Поставете ги двете дланки зад главата (една врз друга), или со врвовите на прстите поставени на вашите уши. Рамената мора да се долу и вашите лакти да се отворени.

3. Повлечете ги нозете под агол од 90 степени.

4. Повлечете ја десната нога до градите, протегајќи ја левата нога над подот под агол од 45 степени. Истовремено, завртете го горниот дел од телото на десно за левиот лакт да се сретне со десното колено и задржете се во таа позиција за две одбројувања.

5. Сменете ја страната. Како што ја повлекувате левата нога до вашите гради, истегнете ја десната нога надвор додека го извртувате телото на лево за десното рамо да се сретне со левото колено и задржете се во таа позиција за две одбројувања.

6. Повторувај те го ова по 5 на двете страни посебно.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар