Отстранување на срамните влакненца: Сè што треба да знаете за депилацијата, бричењето и ласерот

Отстранувањето на влакненцата во интимната област е дел од одржувањето лична хигиена, па токму затоа е потребно да го одберете оној метод кој вам најмногу ќе ви одговара. До сезоната на бикините има само уште неколку месеци, но тоа не значи дека треба да чекате да дојде лето за да се одржувате. Сигурно веќе знаете дека постојат 3 главни начини на кои можете да ги отстраните влакненцата во интимната област, а тоа се депилацијата, бричењето и ласерот. Но, како и со сите други нешта, така и овие не одговараат на секого. Токму затоа експертите ни откриваат што треба да имате на ум пред да пробате некој од овие методи за отстранување срамни влакненца…

Отстранување на срамните влакненца: Сè што треба да знаете за депилацијата, бричењето и ласерот

1. Депилација

Во зависност од личноста, резултатите од депилацијата можат да траат од 5 до 6 недели, што е прилично добар избор за вашиот сексуален живот. Но, откако ќе се издепилирате, почекајте барем еден ден пред сексуален контакт. Истото важи за излегувањето на сонце и носењето бикини. Доколку имате секс веднаш по депилацијата, ризикувате да се здобиете со некоја бактериска инфекција. А што се однесува до сончањето, потта само дополнително ја иритира веќе иритираната кожа.

За депилација, потребно е да имате влакненца кои се малку подолги од 1 сантиметар, а доколку сакате да ги спречите внатрешните влакненца, потребно е неколку дена претходно да направите пилинг на кожата. Немојте да користите масло ниту лосион дента кога планирате да се депилирате.

2. Бричење

Бричењето е моментално решение кое ги отстранува влакната на само 2 дена, па токму затоа може да биде малку непријатно. Исто како и кај депилацијата, по бричењето треба да се воздржите од сексуален однос барем 1 еден. Би било добро доколку инвестирате во некоја добра крема или гел за бричење и секогаш користете нов брич кога ќе го правите тоа. Најпрепорачливо место за бричење е под тушот.

Бидете внимателни со бричот доколку имате чувствителна кожа, бидејќи тоа може да ја иритира, особено ако се бричете „на суво“. После секое бричење нанесете органско масло од јојоба со цел да ја смирите вашата кожа.

3. Ласер

Овој метод бара многу време и трпение. Мора да отидете на третмани барем 6-8 пати кои меѓусебно се одвоени 6-8 недели. Имајте го тоа на ум пред да се одлучите на оваа постапка. Исто така иако резултатите се најчесто трајни, вие ќе треба да одите од еднаш до два пати годишно за дополнителни третмани.

Пред третманот со ласер, мора да ги избричите сите влакненца. Идеалните кандидати за оваа постапка се оние кои имаат светла кожа и темни влакненца. Мачкањето со алое вера може да ја ублажи иритацијата по процедурата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар