Отстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса

Оставањето мокри чаши на дрвена маса може да остави трајни траги кои не можат да се отстранат со средство за чистење. Овој трик е многу едноставен и гарантира резултати. Сè што ви е потребно е пегла, парче памучна ткаенина и масата со дамки од мокри чаши.

Отстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса

Постапка:

1. Вклучете ја пеглата и прилагодете ја на средна температура.

2. Покријте го оштетениот дел од масата со бела маица или друго памучно парче.

3. Пеглајте ја маицата врз масата сè додека трагите не исчезнат.

Отстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса

Дополнителен совет:

Подобро е да пеглате врз еден слој ткаенина и бидете поупорни со поголемите дамки. Проверувајте го повремено дрвото да не го оштетите, но со неколку минути плус пеглање, би требало да исчезнат и најзафатените површини.

За да ги покриете изгребаните делови пак, обидете се да триете врз нив со излупен орев. Нема да се случи чудо, но дефинитивно ќе ги покриете малите гребаници и дамките од потчукнување.

Отстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар