Отстранете ги болките во грбот за само 60 секунди

Притисокот и болките во долниот дел од грбот се многу честа појава. Овие болки се јавуваат поради лошото држење на телото и од претерано потпирање на долниот дел од ‘рбетот. Тие исто така можат да бидат предизвикани и од грчеви во телото кои настануваат од стрес и умор. Доколку и вие страдате од овие болки, со помош на следниве вежби ќе можете да го опуштите телото и да го намалите чувството на притисок.

Отстранете ги болките во грбот за само 60 секунди

Вежба со дишење која трае 60 секунди:

Доколку сакате моментално да го отстраните вашиот проблем, обидете се со следнава вежба…

  1. Седнете и заземете удобна позиција. Затворете ги очите и обидете се да се опуштите.
  2. Врвот на јазикот поставете го веднаш зад горните предни заби.
  3. Издишете низ носот, полека, околу 4 секунди и потоа задржете го здивот додека броите до 7 и повторно издишете, но овој пат додека бројте до 8.
  4. Постапката повторете ја уште 3 пати.

Вежба пред спиење која трае 60 секунди

Доколку сакате трајно да го решите проблемот со болките во грбот, секоја вечер пред спиење, додека лежите во кревет, направете кратко истегнување од 60 секунди…

  1. Легнете на стомакот и потпрете се на подлактиците.
  2. Горниот дел од телото подигнете го така што ќе се потпрете на лактите, подигнете ја и главата и задржете ја оваа позиција околу 8 секунди, па повторно вратете се во истата позиција. Вежбата повторете ја 2 пати.
  3. Легнете на грбот и свиткајте ги колената, а рацете испружете ги покрај телото. Подигнете ја карлицата во рамна положба и останете така околу 8 секунди и потоа вратете се во почетната позиција.
  4. Повторно лежејќи на грб, соберете ги нозете и свиткајте ги кај колената така што ќе ги опфатите со рацете и повлечете кон градите. Останете во оваа позиција 8 секунди и повторно вратете се во основната позиција. Повторете ја вежбата 2 пати.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар