Отровни навики кои штетно влијаат на вашата среќа

Отровни навики кои штетно влијаат на вашата среќа

За жал, луѓето и не препознаваат колку некои навики можат да им наштетат на нивното здравје, но уште поважно и на нивната среќа. Тие се лажат дека сѐ уште имаат контрола или пак негираат дека тие навики постојат. Но, пред да ги препознаеме „отровните навики“, што точно подразбираме под тоа? Накратко, тоа е негативно и штетно однесување кое се повторува одреден период.

0-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mk

1. Премногу алкохол

„Прво земаш една пијачка, па пијачката зема пијачка, на крајот пијачката те зема тебе.“ – Ф. Скот Фицџералд

Во денешниот неверојатен, стресен и зафатен свет лесно е да се прелие чашата. За многу луѓе седнувањето со чаша алкохол во рацете изгледа како решение на проблемите. За жал, често таа една чаша се претвора во дневна навика и чашата станува шише. Важно е да се запомни дека сѐ што е премногу е лошо за нас, а пиењето не е исклучок. Преголемата доза на алкохол влијае на меморијата, когнитивните и социјалните способности и за жал, најмногу влијае на врските.

2. Прејадување

„Скоро сите луѓе кои се прејадуваат го прават тоа поради некоја мината верзија од себеси: обесхрабрено дете, непопуларен тинејџер или збунет младич, а таа повеќе не постои.“ – Дипак Чопра

Многу луѓе гледаат утеха во храната, така што јадењето од утеха е чест проблем на денешницата. Тука се и евтините и вкусни, но навистина нездрави оброци, а ние сме секојдневно во искушение. Но исто како алкохолот, дебелеењето е едно од оние нешта кои се случуваат преку ноќ, ако не се внимава што се јаде. За здрав и среќен живот важно е да знаеме што консумираме.

1-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mk

3. Чергиче за бришење нозе

„Ти ги учиш луѓето како да се однесуваат со тебе врз основа на тоа што им дозволуваш, што не и што ги поттикнуваш да направат.“ – Тони Гескинс

Можеби е убаво еднаш да задоволите нечија желба, но ако тоа премине во навика тоа може да биде многу штетно по вашето здравје. Започнува од најмали нозе, како несигурни и ранливи деца кога нѐ учат дека родителите, професорите или кој било што има авторитет над нас се секогаш во право. Ова може да доведе до мизерен и неисполнет живот. Клучни сигнали по кои ќе го препознаете ваквиот човек се неможност да се каже „не“, неуспешни врски, работа и недоволно ценење себеси.

Добрата вест е што сечија самодоверба може да порасне и да се научи да се кажува „не“. Само треба вежбање и одлучност.

4. Претерано вежбање

„Вежбањето нека ви служи за ослободување од стресот, а не како оправдување да се повредувате.“ – Мет Хискокс

Постојат многу луѓе кои се опседнати со поимот „совршено тело“, тие везден се во фитнес центрите, но сепак не се задоволни од својот изглед. Премногу опсесивно–компулсивно вежбање е многу штетна и отровна навика. Не само што е заморно, го повредува телото и создава долготрајни здравствени проблеми, туку е и причина за многу ментални болести, анксиозност, проблеми во врската и создава изолација од социјалниот живот.

Ако ова ве потсетува на себеси, тогаш запаметете дека е важно да намалите со вежбањето и да уживате во другите задоволства кои животот ги носи.

2-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mk

5. Грижење

„Грижата никогаш не ве лишува од утрешната тага, туку само ви ја исцедува денешната радост.“ – Лео Бускалја

Нормално е дека сите имаме грижи понекогаш, но ако тоа е секој ден и тоа долг временски период тогаш тоа веќе преминува во проблем. Грижењето е како убиец, деструктивна и многу отровна навика која му штети на телото, ја цеди енергијата, ги уништува рутините за спиење и нѐ спречува при важни одлуки.

Но како и повеќето работи во животот, и ова има свој трик. Ако сте од оние кои премногу се грижат, побарајте помош од пријатели, фамилијата или професионалец за да можете да живеете исполнет и здрав живот.

6. Премногу купување

„Кога жените се депресивни или јадат или одат на купување. Мажите се како од друга планета, тие имаат целосно поинаков начин на размислување.“ – Елејн Буслер

Иако изгледа неверојатно, премногу шопинг е со заслужено место на листава. Луѓето кои наоѓаат спас во шопингот мислат дека купуваат среќа. Но, за жал, среќата не се купува. Кога трошиме пари на работи кои не ни се потребни, не само што ќе завршиме во долгови до гуша, туку и стануваме длабоко незадоволни од она што го имаме, секогаш барајќи уште.

Направете си услуга и намалете со непотребно трошење. Ако веќе ви се трошат пари, донирајте ги или купете работи кои на некои луѓе им се неопходни. Ќе се чувствувате многу подобро знаејќи дека некому сте помогнале.

3-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mk

7. Зависност од социјални мрежи

„Деновиве, повеќето од нас можат да го задржат вниманието колку што и верверица зависна од метамфетамин.“ – Кристен Лемб

Ако морате да знаете што се случува на социјалните мрежи, а бевте онлајн пред неколку часови и ако чувствувате потреба дека морате да објавите барем 10 селфи фотографии дневно, веројатно ја имате оваа штетна навика. Друг знак дека сте зависни е ако поминувате часови и часови секој ден прелистувајќи по интернет, ако имате опсесија со нови „пријатели“ и „следбеници“ и чувствувате потреба дека светот мора да знае за сите ваши активности.

Решението е едноставно: тргнете ја главата од екранот/телефонот и уживајте во удопствата на животот. Излезете надвор, дишете чист воздух, наместо да зборувате на социјалните мрежи повикајте ги вашите пријатели и разговарајте лице во лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар