Откријте која е вашата страст

Исполнетоста во животот во голема мера зависи од секојдневни нешта кои со себе носат задоволство. Тоа доаѓа оттаму што тие работи ги правиме со голема страст. Страста е многу силна движечка сила, која доколку се внесе во извршувањето на одредена активност, неизмерно ќе го збогати животот. Доколку вие сè уште не сте пронашле нешто такво, кое секојдневно, или барем одвреме-навреме ќе ви ги полни батериите, следните чекори имаат за цел да ви помогнат да откриете што е тоа и да уживате во она што сакате да го правите.

Откријте која е вашата страст

Што знаете да правите добро?

Размислете за тоа во што сте навистина добри. Дали можеби има работи кои сакате да ги правите, но сметате дека не сте добри во тоа, па ги избегнувате? Можно е токму тука да се крие она нешто кое ќе додаде нешто убаво во вашиот живот. Не мора да бидете брилијантни во одредена активност за тоа да биде вашата страст. Нема секој талент за цртање, но ако вам ви причинува задоволство, само напред.

Кои ограничувања ви пречат?

Кога постои нешто што страсно сакате да го правите, ќе ви пречи сето она што ќе ви оневозможува да му се препуштите на тоа. Ако од време-навреме сакате да направите по некоја фотографија, а брат ви постојано ви го зема фотоапаратот, што вам многу ви пречи, може да значи дека токму фотографијата е вашата страст.

Што сакате да читате?

Кога некоја активност многу ве привлекува, ќе поминете часови читајќи нешто во врска со тоа. Во прв момент може и да не помислувате сериозно да се бавите со тоа. Сепак, секој не го троши времето на читање магазини за риболов или прегледување видеа со танци. Страста е таа која го поттикнува интересот за овие работи.

Откријте која е вашата страст

Што сте сакале да правите кога сте биле деца?

Ова е веројатно е наједноставниот начин да ја откриете вашата страст. Кога сте биле дете сте имале можност да покажете наклонетост кон што било без да бидете оптоварени со очекувањата според кои живеат возрасните.

Кога губите чувство за време?

Кога страста ќе ве обземе, таа предизвикува губење на чувството за време. Ако работите работа која не ја сакате или ако не ви се седи на факултет, постојано ќе погледнувате на часовникот. Но, ако уживате играјќи фудбал или свирејќи гитара, ќе се прашувате кога поминало времето.

Не откажувајте се

Барањето на вашата скриена страст нека ви биде авантура, со која ќе навлезете во непознат дел на вашата личност и ќе го истражите. Дури и да не успеете брзо да најдете нешто кое ќе ви ги полни батериите, не откажувајте се. Уживајте во самиот процес на истражување, а резултатот кога-тогаш ќе стигне. Тогаш, задоволството ќе биде уште поголемо.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар