Откријте го полот на вашето бебе без да одите на ултразвук

Откријте го полот на вашето бебе без да одите на ултразвук

Штом се потврди бременоста, покрај големата радост која доаѓа со оваа вест, оваа состојба носи и многу забавни моменти, од кои една е и погодувањето на полот на бебето. Стотици децении ова се правело на начин кој во денешно време изгледа необично. Иако научниците го сметаат овој метод за несигурен, сепак не е на одмет да ги знаете симптомите во случај да носите момче или девојче во вашиот стомак.

Откријте го полот на вашето бебе без да одите на ултразвук

Ако сте бремени со машко дете:
  • Немате утринска мачнина во раните месеци од бременоста.
  • Отчукувањата на срцето на бебето се помали од 140 во минута.
  • Вишокот килограми се забележуваат на предниот дел од телото.
  • Стомакот ви изгледа како топка за кошарка.
  • Ареолите ви се значително потемни.
  • Стомакот ви е спуштен.
  • Имате желба за солена храна.
  • Имате желба за протеини – месо и сирење.
  • Стапалата ви се често ладни.
  • Рацете ви се често суви.
  • Влакната на нозете ви растат побрзо.
  • Изгледате подобро од кога било.
  • Урината ви е посветла.
  • Носот ви се проширува.
  • Често патите од главоболка.
Ако сте бремени со девојче:
  • Патите од утринска мачнина уште во раната фаза на бременоста.
  • Отчукувањата на срцето на бебето се најмалку 140 во минута.
  • Сте се поправиле најмногу во колковите.
  • Левата дојка ви е поголема од десната.
  • Косата ви добила црвен сјај.
  • Стомакот ви е високо.
  • Стомакот ви изгледа како лубеница.
  • Имате желба за благо.
  • Имате желба за овошје.
  • Сакате да пиете сок од портокали.
  • Често го менувате расположението.
  • Урината ви е со темножолта боја.
  • Мозолчиња ви избиваат почесто одошто претходно.
  • Градите ви се отечени.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ivana Reply

    abe kako moze da bidete tolku NEkreativni??? Deneska izleze statijava na 365.com.mk bivashe li odma da ja ukradete??? znam 100% deka izleze prva poshto stalno ve pratam…TOTALNO RAZOCHARUVANJE!!!

    • Кафе пауза Reply

      Драга Ивана,

      Најпрво ти благодариме што не пратиш.

      Второ, нашата писменост нема врска со крадењето статии.

      Трето, не сме ја украле, ама можеби нема да ни веруваш, па ова не моравме ни да го кажеме.

      Четврто, интернетот е на сите и ретко кој измислува топла вода, изворите се тие. Затоа многу е можно содржини на исти теми да се појават на повеќе сајтови. Не е крај на светот. Во крајна линија, прочитај ја статијата таму каде што сакаш или не ја читај онаму каде што се појавила подоцна, само ќе те замолиме да не пристапуваш со претпоставки во толку остра форма, навистина нема потреба од тоа.

      Поздрав

Напиши одговор на ivana Откажи одговор