Откријте го одговорот на овие загатки и ќе го откриете одговорот на некои важни прашања за животот

Откријте го одговорот на овие загатки и ќе го откриете одговорот на некои важни прашања за животот

Античкиот филозоф Сократ бил голем фан на решавање загатки. Сметал дека преку нивното решавање може да се развие критичко мислење и да се дојде поблиску до решавање на некои важни прашања за животот. Ако и вие го преферирате истиот пристап, еве неколку загатки кои треба да се обидете да ги решите.

(1) Otkrijte-go-odgovorot-na-ovie-zagatki-i-kje-go-otkriete-odgovorot-na-nekoi-vazhni-prashanja-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk

1. Ако тргнеш без неа на пат, никогаш нема да стигнеш. Ако имаш премногу од неа, ќе се изгубиш по патот.

  • ОДГОВОР

    Самодоверба

    Самодовербата е неопходна за да се постигне што било во животот. Ако ја немаме, нема да стигнеме никаде, но и ако ја имаме во преголеми количини ќе се изгубиме некаде на патот. Секогаш е потребно да ја држиме некаде помеѓу овие две крајности за да ги постигнеме своите цели.

2. Сиромашните ги имаат. На богатите им требаат. Можат да те скршат и да те зајакнат.

  • ОДГОВОР

    Проблеми

    Како што железото прво се вжештува, а потоа се лади за да се стврдне и да биде неверојатно цврсто, така и човечкиот дух поминува низ проблемите во животот за да стане посилен. Луѓето реагираат на проблемите на два начини: едни излегуваат посилни од нив, а други се скршени.

3. Секој го сака за да се почувствува посебно, но колку повеќе го имаш толку помалку посебен се чувствуваш.

  • ОДГОВОР

    Знаење

    Сите се стремиме кон тоа да знаеме што е можно повеќе за животот и за светот околу нас. Започнуваме со потрага по знаење во моментите кога знаеме многу малку. Тогаш се чувствуваме најсилни, затоа што не ги разбираме работите, но кога ќе научиме нешто повеќе сфаќаме дека многу малку знаеме и сфаќаме дека ни требаат неколку животи за да научиме сè што сакаме да научиме од одредена област. Луѓето кои знаат многу не се чувствуваат посебно затоа што знаат. Тие се свесни дека има уште многу за учење.

4. Ако ме имаш, сакаш да ме споделиш. Ако ме споделиш, ме немаш веќе.

  • ОДГОВОР

    Тајна

    Тајните кои се делат помеѓу блиски луѓе ја зајакнуваат врската помеѓу нив. Но, ако некој ја сподели таа тајна, тогаш информацијата која ја шири повеќе не е тајна. Веќе не постои ниту тајната, ниту силната врска помеѓу оние кои ја делеле меѓу себе.

2-Otkrijte-go-odgovorot-na-ovie-zagatki-i-kje-go-otkriete-odgovorot-na-nekoi-vazhni-prashanja-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

5. Можеш да ја добиеш само ако ја дадеш.

  • ОДГОВОР

    Почит

    За да добиете почит мора да покажете почит. Само така ќе покажете дека сте вредни за да бидете почитувани. Луѓето секогаш ја бараат затоа што сметаат дека им следува, но ако навистина им следува согласно моралните норми кои постојат, таа ќе си дојде природно.

6. Што е тоа што постојано доаѓа, но никогаш не пристигнува?

  • ОДГОВОР

    Утре

    „Утре е дури утре“. Ако постојано чекате да дојде утре за да си ги остварите соништата, треба да знаете дека утре никогаш не доаѓа и можете вечно да ги одложувате работите. Но, тоа не е среќен живот.

7. Секоја ноќ доаѓаат без да бидат поканети. Секој ден се губат без да бидат украдени.

  • ОДГОВОР

    Сомнеж и страв

    Кога се сомневате или се плашите од нешто треба само да се соочите со тоа. Така ќе „фрлите светло“ на работите и ќе сфатите дека не се многу страшни. Вие сигурно сте посилни од сето она со кое се соочувате. Замислете дека сте во шума среде ноќ. Околу вас можеби нема опасни животни, но вие би биле преплашени поради тоа што не гледате ништо и немате контрола. Но, тоа не го менува фактот дека сте сами и дека нема ништо кое може да ви наштети.

8. Затвор во кој си безбеден, но несреќен. Кога и да се обидеш да избегаш, тој станува поголем.

  • ОДГОВОР

    Комфорната зона

    Комфорната зона е простор во кој остануваме поради некоја лажна безбедност, без при тоа да сме свесни дека тоа полека ни го убива духот. Таа е вистински затвор и треба да се напушта секогаш кога е можно.

3-Otkrijte-go-odgovorot-na-ovie-zagatki-i-kje-go-otkriete-odgovorot-na-nekoi-vazhni-prashanja-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

9. Скрши ме и нема да престанам да работам. Допри ме и ќе затреперам. Изгуби ме и ништо нема повеќе да биде важно.

  • ОДГОВОР

    Вашето срце

    Срцето функционира токму како во загатката. Колку сакате кршете го, тоа пак ќе љуби. Но, кога некој ќе го изгуби, нема да биде важно кој го скршил.

10. На почетокот е лесна, но колку подолго ја носиш толку поголем товар станува.

  • ОДГОВОР

    Грижа на совеста

    Понекогаш носиме одлуки за кои подоцна се каеме и ни предизвикуваат грижа на совеста. Таа сепак почнува да избледува како што одминува времето, но ако си додадете уште некаков товар на душата, таа ќе биде потешка да ја носите со вас.

11. Јас не го слушам разумот, туку песната на сирените и секогаш ќе го удрам бродот право во карпите ако ми дозволиш да го преземам кормилото. Кој сум јас?

  • ОДГОВОР

    Его

    Не дозволувајте вашето его да управува со вас. Тоа нема да ве однесе на патот на кој што ќе бидете среќни, туку ќе се труди да задоволи само некои краткотрајни потреби. Ако му дадете да управува со вашиот живот, тоа ќе ве однесе право во несреќа. Немојте во уста да ставате поголем залак од оној кој можете да го изџвакате.

12. Еден по еден доаѓаме од рајот и одиме во заборавот, но нашиот свет е толку чуден што и понатаму траеме. Што сме ние?

  • ОДГОВОР

    Соништа и амбиции

    Соништата доаѓаат од рајот за да ви го донесат на земјата. Ако не ги остварите, тие ќе одат во заборавот, но ќе продолжат да траат и да ве копкаат заради тоа што не сте ги оствариле кога било време за тоа.

PENTAX Image

13. Далеку е едниот од другиот крај, но поблиску е и од пријател. Бесценета привилегија која се добива бесплатно. Ќе ја најдеш и кај богати и сиромашни, големи и мали, но најмногу кај децата. Што е тоа?

  • ОДГОВОР

    Насмевка

    Забораваме да се смееме често како децата. Вистина е и тоа дека со текот на времето наталожуваме проблеми кои ја тргаат насмевката од лицето, но мора да бидеме свесни дека на светот има и доволно работи кои заслужуваат насмевка.

14. Ние повредуваме без да мрднеме. Труеме без да допреме. Со себе ги носиме и вистината и лагата. Не треба да ни судите по нашата големина. Што сме ние?

  • ОДГОВОР

    Зборови

    „Зборот коски нема, но коски крши“ е наша народна поговорка која може да се надоврзе на оваа загатка. Зборовите секогаш се потценети, но имаат огромно влијание на светот. Носат радост и тага, навреда и утеха, образуваат и омаловажуваат. Со нив треба да се однесуваме многу внимателно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар