Откријте дали се плашите од љубовта: 2-та најголеми стравови кои ве одржуваат сингл

Откријте дали се плашите од љубовта: 2-та најголеми стравови кои ве одржуваат сингл

Стравот е чудна работа. Кога се наоѓате во застрашувачка ситуација, како на пример, средба со мечка, многу е лесно да откриете точно што чувствувате. И вие знаете која е причината за овој страв – бидејќи вашиот живот е во прашање. Токму тоа е и целта на стравот, да ве чува безбедни. Да ве натера да избегате што подалеку од мечката. Да ве убеди дека треба да преземете акција. Но, кога станува збор за врските, стравот е малку тежок за идентификација. Вие не сте во ситуација која е опасна по вашиот живот, па токму затоа и не знаете зошто се плашите.

Откријте дали се плашите од љубовта: 2-та најголеми стравови кои ве одржуваат сингл

Но, изгледа дека стравот од врски најчесто настанува поради 2 нешта. И двете служат за само една цел: да ве одржуваат безбедни. Но, за жал овие стравови ве спречуваат и да имате вистинска љубовна врска. Погледнете за што точно станува збор…

1. Страв од напуштање

Овој страв им е познат на многумина. Да се биде во сериозна врска исполнета со љубов вклучува преземање ризици. За вие да можете целосно да се запознаете еден со друг и да бидете интимни, мора да бидете и ранливи. Истата минута кога ќе се посветите на одредена личност и ќе споделите љубов со неа/него, вие се ставате во ситуација каде што можете да бидете напуштени. Тоа е многу застрашувачка мисла – да дозволите некому да влезе во вашето срце и потоа да има моќ го одведе со себе. Заканата е јасна: болката од кршењето на срцето.

Но, овој страв воопшто не ве одржува безбедни. Доколку не можете да се доближите до одредена личност, вие нема да можете ни да ја откриете онаа вистинската за вас. Токму затоа и доколку му дозволите на овој страв да владее со вашиот живот, вие уште долго време ќе бидете сами или дел од врска која и самите знаете дека нема иднина.

2. Страв од гушење

Без разлика колку силно сакате да имате долга врска, исполнета со многу љубов, дел од вас можеби се плаши дека оваа врска би ви ја украла слободата. Познатото интерпретирање на партнерството како „другата половина од себе“ може ментално да доведе до стравови кои ќе ве спречат да започнете со врска, сугерирајќи ви дека сите ние сме на некој начин нецелосни сè додека не најдеме партнер. Тоа е и една од причините зошто голем дел од луѓето сметаат дека треба да прават компромиси кои се против нивната природа.

Да се биде сингл значи и да се има целосна слобода. Вие сте оние кои одлучуваат што ќе прават со своето време, како и кои се вашите приоритети. Идејата за блиска врска создава нов вид закана: потенцијално губење на индивидуалноста, автономијата и личниот простор. Но, вистината е дека тука многу грешите. Во здравите љубовни врски може да се доживее многу поголема слобода отколку во сингл животот. Вие покрај вашиот партнер можете да откриете точно кои сте и што сакате, додека со неговата или нејзината поддршка можете да постигнете многу повеќе отколку што би успеале сами.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар