Освежителен сладолед на стапче

Во топлите денови, солените грицки и чоколадните десерти сакаме да ги замениме со лесни освежителни ужини кои ќе ни предизвикаат задоволително чувство во устата.

За денес ви предлагаме сладолед на стапче кој брзо ќе го подготвите, а ќе ве врати во детството кога вакви сладоледи секојдневно купувавте од локалната продавница.Освежителен сладолед на стапчеПотребни состојки за 8 сладоледи (зависно од големината на калапите):

  • 4-5 портокали
  • 620 мл сладолед од ванила
  • 1 лажичка рендана кора од портокал
  • 250 мл шлаг пена

Начин на подготовка: Најпрво исцедете ги портокалите и потоа блендирајте ги заедно сокот, ренданата кора и сладоледот. Откако убаво ќе се измазни смесата, сипете ја во модлите, но притоа оставајќи ги празни на 3 прсти од крајот. Потоа измиксирајте ја шлаг пената до степен кога ќе почнат да се прават меки меурчиња. Немојте премногу да ја зацврстите. Дополнете ги модлите со шлагот, ставете стапчиња и пикнете ги во замрзнувачот.

Овој рецепт можете да го правите и со други сокови, но најдобро одговара со оној од цитрусните овошја. Уживајте!Освежителен сладолед на стапчеОсвежителен сладолед на стапче


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар