Oстварете си ги соништата – направете план

Oстварете си ги соништата – направете план

Сигурно сонувате за многу работи. Поради вашите соништа веројатно многу пати во денот фаќате друг правец со мислите, а често не можете око да склопите додека навечер се обидувате да заспиете. Соништата се убави, мотивирачки и охрабрувачки, понекогаш страшни и неизвесни. Но, сами по себе соништата не ви вршат работа. Она што ви треба е план да ги остварите. Планот е всушност мапа по која треба да се раководите за да стигнете до целта – остварувањето на вашите соништа. Еве како да почнете со мапирање:

Oстварете си ги соништата - направете план

Чекор бр. 1: Запишете си го сонот

Чинот на преточување на сонот во зборови на хартија или пак во документ на вашиот компјутер, значи дека се посветувате на него, а ова понатаму моќно ќе влијае за конечно да си го реализирате. Исто така, кога треба да запишете нешто, мора да вложите екстра напор за да размислите подобро што е она што сакате да го евидентирате како ваш сон. Можеби имате сон да станете многу богати, но ако направите план да заработувате 20.000 евра годишно, веќе имате многу поконкретна цел кон која можете да се стремите.

Чекор бр. 2: Разгледајте ги можностите

Што  и да претставува вашиот сон, секогаш има повеќе од еден начин за да го остварите. На пример, ако сакате да направите многу пари, можете:

  • да ја смените вашата кариера, во некоја попрофитабилна
  • да работите повеќе за да бидете унапредени на актуелното работно место
  • да се запишете на факултет, за да ги завршите студиите или пак да продолжите на постдипломски студии, за да бидете поквалификувани
  • да започнете сопствен бизнис како претприемач
  • да штедите пари за некоја крупна цел
  • да си земете богат маж/жена
  • да играте игри на среќа

Постојат многу опции. Запишете ги сите, дури и оние кои не ви изгледаат реално, па дури и оние кои сметате дека се глупави и смешни. Но, некогаш глупава идеја може да ве доведе до некоја добра. Не пропуштајте ги таквите.

Oстварете си ги соништата - направете план

Чекор бр. 3: Изберете јасна цел

Откако ги разгледавте сите можности, посветете се на избирање на вистинската. Можеби на пример ќе одлучите да се пробате во друго поле на работа или пак во друга компанија, каде ќе можете да ја заработувате посакуваната плата.

Изберете цел која ќе ви претставува предизвик да ја реализирате, но истовремено која е возможно да се реализира. Нема поента да изберете цел која е поставена премногу високо на скалилото. На тој начин, само повторно ќе им се вратите на соништата и на мечтаењето по нешто, за што немате конкретен план за да го постигнете.

Чекор бр. 4: Поставете си краен рок

Многу е полесно кога ќе си поставите рок. Но, бидете реални и не плашете се да си поставите предизвик. Колку е поголема вашата цел, толку подолг рок треба да си оставите и обратно. Доколку вашиот сон е како оној во примерот, добро е да си поставите рок од околу 3 години за да направите промена во кариерата и да заработувате колку што сакате. Добро е крајниот рок да го врзете со некој конкретен датум или настан, на пример, вашиот 35-ти роденден или пред да почне вашиот син/ќерка да оди на училиште.

Oстварете си ги соништата - направете план

Чекор бр. 5: Запишете ги конкретните чекори за да стигнете до крајната цел

Ова е финалниот чекор кога треба да се посветите максимално на планирањето. За големи соништа и цели, може да ви биде од помош доколку погледнете малку наназад:

  • Што се бара на работното место кое треба да го прифатите за да ја работите таа работа?
  • Како можам да станам квалификуван/а за работата (на пр. забрзан курс по англиски)?
  • Треба ли нешто да знаете/поседувате претходно (на пр. пари за да го платите курсот)?
  • Како можете да го реализирате тоа?

Треба да дојдете до чекор кој ќе ви постави јасна цел за да се поместите од точката каде што сте во моментот. Таква цел би била доколку на пр. решите да тргате на страна по 100 евра секој месец во наредната година.

Ако наидете на чекори кои не знаете како да ги завршите, обидете се да им се навратите подоцна. Најважно е да сфатите што точно сакате да постигнете за да си го остварите сонот, а тоа е првиот чекор кон негово реализирање. Имајте храброст, тоа може да ви го промени животот.

Кои се вашите соништа? Преземате ли нешто за да ги остварите или само мечтаете по нив?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Даниела Reply

    Ех, да беше така лесно. 🙂
    Или можеби во мене е проблемот што секогаш сонувам за невозможни работи. 🙂

    • .................................. Reply

      Да,да се согласувам со Даниела!!
      Мојот сон е возможен ама ова не може толку да ми помогне!

  2. BabyGirl Reply

    Eee da beshe tolku lesno kako shto vika Даниела…
    Koga nemash uslovi za toa shto sakash da stanesh,shto ti e son ushte od mala,i shto sekoj den si zamisluvash za toa,nemozhesh da go ostvarish.
    Lugjtero velat bidete hrabri i ostvarete si go sonot,a ako nemash mozhnosti i uslovi ,kako kje go ostvarish ?? nikako ^_^

Напиши одговор на .................................. Откажи одговор