Основни правила за љубовните врски

Сите ние, повеќе или помалку имаме потреба од интимност и љубов. Сакаме во нашиот живот да имаме една посебна личност покрај која ќе бидеме онакви какви што сме, без маски, целосно искрени и отворени. Личност на која ќе можеме да се потпреме во секое време. Но, и покрај тоа што секоја љубовна врска е уникатна бидејќи сите ние имаме различни желби и потреби, сепак постојат некои правила кои се универзални и важат подеднакво за сите – без исклучоци.

Основни правила на љубовните врски

Погледнете ја нареднава кратка листа на најосновните „правила“ на љубовните врски и размислете дали сте на вистинско место во вистинско време или пак можеби треба конечно да смените нешто што веќе не функционира како што би требало:

  • Љубовта трае сè додека љубовната врска е на прво место.
  • Можеби ќе ви биде тешко на почетокот, но со тек на време ќе го почувствувате позитивното од „збогум“.
  • Ако ѝ се допаѓате на некоја личност, тогаш ништо не може да ја сопре да биде со вас. Но, ако тој/таа не е заинтересиран/а за вас, тогаш никој и ништо не може да ги натера да останат покрај вас.
  • Малите нешта се оние кои навистина вредат.
  • Ако веќе сте оставиле некого, не бидете себични и пуштете го целосно.
  • Врската тоне кога има премногу „патници“ вмешани во неа.
  • Никогаш не дозволувајте да ве бакне измамник, ниту пак да ве измами бакнеж.
  • Никогаш не игнорирајте ги вашите пријатели само затоа што моментално сте во врска.
  • Не задоволувајте се со ништо помалку од тоа што го заслужувате.
  • Извинувањето не значи дека признавате дека не сте во право, туку дека ја цените врската повеќе од вашето его.
  • Некој кој вреди да се има, вреди и да се чека.
  • Не оставајте ја вашата доверба кај некој кој ќе ја изгуби.
  • Чувајте го вашето срце за личноста која постојано ќе ве остава без зборови.
  • Некои врски завршуваат само поради тоа што откако ќе започнат, се губат оние работи кои постоеле додека траело освојувањето.
  • Никогаш не дозволувајте некој да ви биде „резервен план“ или втор избор.
  • Не грижете се за познавањето на многу луѓе, погрижете се вие да бидете вредни за познавање.
  • Не правете некој да „падне“ на вас, ако не планирате потоа да го „фатите.“
  • Прво сакајте се себеси, а потоа другите.
  • Кога конечно ќе имате нешто добро покрај вас, уживајте во него. Не барајте нешто друго кое би можело да биде „подобро“.
  • Вторите шанси се многу ретки, затоа мудро искористете ја првата шанса.
  • Не изневерувајте, ако не сте среќни – едноставно одете си.
  • Бидете со некој кој ве сака какви што сте, а не какви што тие сакаат да бидете.
  • Личностите со добри намери само ветуваат, но оние со добар карактер го остваруваат ветеното.
  • Не трошите го своето време барајќи некој со кој би можеле да спиете, барајте некој покрај кој би можеле да се разбудите.
  • Не „паѓајте“ на зборови, „паѓајте“ на дела.
  • Врските бараат подеднаков труд од двете страни.
  • Понекогаш е подобро да си одите отколку постојано да бидете единствените кои сакаат да ги поправат работите.
За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар