Ослободете се од вошките на едноставен и природен начин

Кога децата одат во градинка, на училиште или каде било каде што има групно дружење, големи се шансите едни на други да си пренесуваат разни болести, вируси, па и вошки. Тоа се паразити кои живеат на скалпот и ги положуваат своите јајца на влакната на косата. Многу брзо движат, се хранат со мала количина крв, а на местата каде што ги има, се создава алергиска реакција која чеша.

oslobodete-se-od-voshkite-na-ednostaven-i-priroden-nachin-kafepauza.mk

Без разлика на нивото на лична хигиена, многу е важно да се сфати дека тие може да се појават кај секого, затоа не треба да се бара виновникот, туку да се работи на решавање на проблемот.

Истражувањата покажуваат дека едно од 10 деца фаќа вошки во текот на школувањето.

Симптоми:
  • Иритабилност
  • Чешање
  • Чувство дека нешто се движи
  • Рани на главата

Доколку не сакате да трошите пари на специјални шампони или пак едноставно не ги сакате тие вештачки хемикалии на главата на вашето дете, можете и сами да направите домашен ефикасен лек против овие мали непосакувани бубачиња.

Потребни состојки:
  • Течност за уста
  • Бел оцет
  • Капа за туширање
  • Шампон
  • Чешел за вошки
  • Пешкир
Постапка:
  1. Прво на главата посипете ја течноста за уста, натопете ја косата во целост и ставете ја капата за туширање. Така нека седи 1 час.
  2. Потоа тргнете ја капата и измијте ја косата, па истото повторете го со оцетот.
  3. Потоа измијте го и оцетот и нашампонирајте ја косата. Тогаш со чешелот добро исчешлајте.

Бонус совет: Вошките не го сакаат мирисот на спеарминт, па превентивно, пред да го пратите детето на училиште можете да му попрскате малку од течноста за уста на главата.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. јовица трајановски Reply

    сто е тоа течност за уста

Остави коментар