Ослободете се од болките во желудникот со помош на овој вкусен намаз

Кога и да почувствувате мачнина во желудникот, направете го овој намаз бидејќи во него се крие вистински лек. Билките кои ги содржи се одлични природни аналгетици кои имаат смирувачко дејство, додека путерот создава еден вид заштитен слој околу желудникот. Црниот леб, пак, го стимулира лачењето на желудочниот сок. На кратко, ова е сè што ви е потребно за мирен желудник.

Ослободете се од болките во желудникот со помош на овој вкусен намаз

Потребни состојки:
  • 200 грама омекнат путер
  • 1 кафена лажичка ајдучка трева
  • 1 кафена лажичка кантарион
  • 1 супена лажичка цвет од невен

*сите овие сушени билки можете да ги најдете во билните аптеки.

Начин на подготовка и консумација:

Наброените билки ситно сомелете ги во соковник или мелница за кафе. Потоа, добиениот прав помешајте го со омекнатиот путер за да добиете миризлив путер со билки. На парче црн леб намачкајте една кафена лажичка од путерот. Јадете половина час пред секој оброк, притоа темелно џвакајќи ја храната.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар